Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф утре ги започнува подготовките, договорени неколку засилувања!

Сподели
Сподели

Второлигашот Кожуф утре ќе означи почеток на зимските подготовки за вториот дел од сезоната под водство на Иван Варадиновски.

Утре штипскиот стратег ќе ја има првата прозивка со која ќе бидат означен почетокот на зимските подготовки. Тренерот ќе го има првиот собир со фудбалерите во 2026 година, по стандардниот состанок и соопштување на планот за подготовки ќе биде одработен и првиот тренинг.

Како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа тимот од Гевгелија се засилува со неколку фудбалери – се работи за Ристе Лембовски, Давор Богевски, Лука Варешаноски, Давид Ивановски и голманот Антонио Шемковски кој е повратник во редовите на Кожуф.

Лембовски кој има 21 година доаѓа од редовите на Вардар Неготино кој е негов матичен клуб, а има настапувано и за Македонија ЃП.

19-годишниот Богевски последно беше дел од Слога Виница, а прилепчанецот кој првите фудбалски чекори ги направи во Перак, беше дел и од прилепска Победа.

Варешаноски е млад фудбал кој има 17 години, а почетоците ги имаше во тимот на Прилеп, потоа настапуваше за Победа, младинските категории на Брера Струмица, а последните шест месеци ги помина во дресот на Победа.


Ивановски кој има 18 години настапуваше во швајцарскиот тим Винтертур, а пак Шемкоски се враќа во Кожуф по шест месеци во Големо Коњари, а се работи за голман кој има 21 година.

Според информациите на Спортска Мрежа тимот од Гевгелија ќе биде засилен со уште најмалку две засилувања, а целта е директен опстанок односно пласман во првите осум на табелата.


Како што дознаваме веќе тимот од Гевгелија ги има договорено пријателски натпревари преку кои ќе се „бруси“ формата – против Беласица, Арсими, Победа Валандово, Работнички и Детонит Плачковица.

Кожуф презимува на деветтото место на табелата или во бараж зоната за опстанок со 22 бодови на своето конто, а пролетниот дел го отвара против штипска Брегалница.


Од тимот како што веќе објави Спортска Мрежа заминаа Николче Шаркоски, Благоја Спиркоски кој веќе е нов фудбалер на Охрид и голманот Борче Картов.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!