Останато

Газели Волеј ја промовираше Марија Крстеска како засилување за вториот дел од сезоната

Сподели
ФОТО: ОК Газели
Сподели

Газели Волеј официјално го претставија своето засилување за вториот дел од сезоната, откако потпишаа договор со одбојкарката Марија Крстеска.

Крстеска ќе ја покрие позицијата техничар во ростерот на „газелите“, по заминувањето на Матеа Попоска, а клубот со нејзиниот ангажман добива стабилност и искуство на една од клучните позиции во тимот.

Во текот на својата досегашна кариера, Марија има настапувано за повеќе екипи, меѓу кои 11 Октомври Прилеп, ОК Визура Белград од Србија, ЖОК Вардар жени, ОК ФитФан и ОК Ускана Кичево, стекнувајќи значајно искуство и на домашната и на меѓународната сцена.

Иако договорот беше официјализиран вчера , Крстеска веќе четири месеци беше дел од Газели Волеј, редовно тренираше со екипата и целосно се вклопи во концептот на клубот, што резултираше со потпишување договор за продолжението од сезоната.

По промоцијата, новата техничарка на Газели Волеј не го криеше задоволството од соработката со клубот:

„Среќна сум што сум дел од екипата на ОК Газели, клуб во кој се работи организирано, одговорно и со јасна визија за напредок, што е клучен предуслов за успех. ОК Газели е одлично организиран клуб со професионален однос од сите вклучени каде што се внимава на секој детал. Обезбедени се квалитетни услови за тренинг, на ниво споредливо со ОК Визура Белград, клуб во кој стекнав значајно искуство. Составот на екипата е внимателно избран, атмосферата е позитивна и работна, а подготовките се одвиваат со висок интензитет. Подготвени сме да се бориме за високи позиции и да ги оствариме поставените цели. Со голема посветеност и енергија ќе давам максимум за успехот на клубот, а со континуирана работа верувам дека ќе го заслужиме факторот среќа. Благодарност и до нашите навивачи, чија поддршка ни значи многу. Убедена сум дека нè очекуваат многу убави моменти со ОК Газели во периодот што следи“, изјави Крстеска.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!