Втора лигаФудбал

Алексовски распали: Дете сум на Брегалница, а ме понижија без причина – Пеле играл и пак ќе игра!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање на фотографијата
Сподели

Разделбата меѓу Брегалница и Дарко Алексовски – Пеле доби нова димензија откако искусниот фудбалер јавно се огласи со долга, искрена и жестока изјава, во која без задршка го искажа своето разочарување од односот на матичниот клуб кон него.

Како што Спортска Мрежа претходно ексклузивно објави, Брегалница се раздели со Пеле пред стартот на зимските подготовки, а фудбалерот, кој по 17 години се врати во Штип, бил изненаден од ваквата одлука. По таа информација, Алексовски реши јавно да се обрати до спортската јавност со следната изјава, која ја пренесуваме во целост.

„Вакво нешто не очекував од големите стручњаци, тренинг немам пропуштено, по мирен никогаш не сум бил на тренинг и на натпревари. Прифатив и резерва да бидам без да барам објаснување од стручњаците зошто не играм или зошто играм малку. По вторпат доживеам од ФК Брегалница да биде ослободен без причина. Пред 17 години и сега. Секогаш каде и да сум играл сум давал резултати, сум бил ценет секаде, само овде не.

Дете сум на Брегалница, се чувствувам многу понижен од матичниот клуб како гром од ведно небо дојде оваа информација, после ова не можам да и посакам се најдобро на Брегалница, многу дрско од нивна страна, Господ е голем.


Од моја страна се е чесно и поштено, од нивна страна си го покажаа лицето, лицемерија и голема злоба има во нив од прв до последен. Пеле играл и пак ќе игра, но вашиот начин на кој ме третиравте овие пет месеци, арам да вие и ќе ја платите цената. Нема ни да бидете свесни, времето ќе покаже какви резултати ќе направете во иднина. Никога немам коментирано или статус пишувано, но после ова осеќам дека треба да биде запознаена спортската јавност.“

Со оваа изјава, Дарко Алексовски – Пеле јасно стави до знаење дека заминувањето од Брегалница го доживува како неправда и понижување, но и дека е мотивиран да продолжи понатаму и да докаже дека сè уште има што да понуди на фудбалските терени.

Пеле моментално е слободен агент, а според информациите на Спортска Мрежа, интерес за неговите услуги веќе постои, па во наредниот период се очекува да биде познато каде ќе ја продолжи својата кариера.


Сподели

Не пропуштајте

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!