Прва лигаФудбал

ФОТО: Брера Струмица ги започна подготовките, главната фаза во Грција

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

Фудбалерите на Брера Струмица денеска и официјално ги започнаа подготовките за пролетниот дел од шампионатот, со што стартува процесот на темпирање на формата за продолжението на сезоната во Првата лига.

Подготовките се планирани да се реализираат во три фази. Првата ќе се одвива во Струмица, каде тимот ќе работи на физичка подготвеност и основни тактички елементи, додека главната фаза е закажана во Грција во периодот од 20 до 31 јануари. Завршниот дел од подготовките повторно ќе се реализира на домашен терен.

Како што Спортска Мрежа претходно објави, младиот стратег Мартин Алаѓозовски уште пред неколку дена го најави почетокот на подготовките и првиот собир на екипата, а денеска тренажниот процес и официјално започна. Во меѓувреме, јасно е дека ќе има и одредени промени во ростерот, откако клубот се раздели со Фахд Нзенгуе кој веќе е промовиран како нов играч на тетовска Шкендија, Фодеј Травали, Хаџи Драме и Мануел Куестас, кој настапуваше како позајмен фудбалер од Вардар.

Според информациите на Спортска Мрежа, раководството на струмичкиот прволигаш води интензивни преговори за нови засилувања. Фокусот е ставен на ангажман на фудбалери на позициите десно крило, напаѓач, како и двајца играчи од средниот ред, кои во следниот период би требало да бидат официјално промовирани.

ФОТО: ФК Брера Струмица

Во рамки на подготовките ќе бидат одиграни и неколку контролни натпревари. Првиот пријателски тест е закажан за 15 јануари против Шкендија, додека на 7 февруари Брера ќе се соочи со второлигашот Детонит Плачковица, а ќе следуваат и дополнителни проверки за време на главната фаза од подготовките во Грција.

Брера Струмица ја заврши есенската полусезона на седмото место со 19 освоени бодови, а во пролетниот дел под водство на Алаѓозовски ќе се бори да го потврди директниот опстанок и да ја задржи стабилноста во фудбалската елита на Македонија.

Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!