Останато

Успешно се одржа меѓународниот турнир во традиционално борење во Скопје

Сподели
Сподели

Меѓународниот турнир во традиционално борење, пехливани, беше успешно организиран вчера и достоинствено затворен, претворајќи го Скопје во неделата во центар на вниманието на овој традиционален спорт.

Во фокусот на борбите беа башпехливаните, каде првото место го освои Турчинот Мустафа Таш, пред својот сонародник Мустафа Бату, додека третото место му припадна на скопјанецот Фати Вејсели, кој имаше одлични настапи против сите противници со кои се соочи.

Посебен момент на турнирот беше и големата победа во втората категорија на младиот скопјанец Шаќир Бислими, кој на турнирот дојде да зеде учество од Дагестан – Русија.

Успешни борби покажаа и Џахид Латифи од Студеничани, кој во истата категорија триумфираше над Турчинот Хидајет Авџи, потврдувајќи го својот висок квалитет и континуиран напредок.

Многу добри настапи имаа и други надежни домашни пехливани како Мејди Бислими, Трим Исмаили, Мухамед Весели и уште неколку имиња, кои оставија позитивен впечаток.

Инаку, турнирот во организација на скопјанецот Татин Ќехаја собра на едно место над 50 борачи од Македонија, како и учесници од Турција, Грција, Азербејџан и Албанија, давајќи му на овој настан јасен меѓународен карактер и достојна завршница на еден голем спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!