Турнири

ВИДЕО: Никола Аврамов е херој на Пицерија Дивино за полуфинале на „Стојаково 2025“, радовишани елиминирани!

Сподели
Сподели

Какви „пеколни“ четвртфинални натпревари се одиграа на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ – многу голема борба за секој топка, погодоци, атракција, одлични дриблинзи и потези со кои се собираше аплауз повеќе од верната публика, радост и среќа, но и разочарување што следува елиминација.

Кафе Бар Проект и Пицерија Дивино ремизираа во меч со осум погодоци – конечен резултат од 4:4, а потоа пеналите решаваа кој да патува во полуфиналето.

Регуларниот дел беше вистински „пекол“, голема жар во играта од двете екипи и борба, но победник немаше. Во пенал рулетот херој се покажа голманот на популарните „пици“ од Босилово откако успеа да одбрани удари од белата точка и да обезбеди пласман во полуфиналето на неговиот тим кој славеше над тимот од Јосифово со 5:6.

Вториот меч истото така беше драматичен, но се реши во регуларниот дел со пет гола – Дим Метал од Неготино го елиминираше радовишкиот тим Порта ЕУ Фреит Оне со 3:2.

 

Спортска Мрежа по првпат медиумски го поддржува овој турнир во мал фудбал „Стојаково 2025“



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Прилеп го совлада Мулти Есенс на „Миле Нешкоски“

Ракометарите на Прилеп продолжуваат во победнички ритам откако на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, пред своите гледачи во салата „Ристе Ристески – Ричко“ славеа...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига кое ќе се отвори утре со...

Поврзани написи
Турнири

OHRID WOMEN’S CUP со отворена можност за секое девојче – не е потребно да биде дел од клуб!

Охрид на 5 и 6 септември ќе биде домаќин на првото издание...

Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!