Турнири

Четвртфинални пресметки на „Стојаково 2025“, јуниорите во борба за освојување на шампионски пехари!

Сподели
Сподели

Продолжуваат возбудувањата на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ – вечерва ќе има финале кај јуниорите во генерација 2014/2015 од 18 часот, додека пак кај сениорите се играат два натпревари од четвртфиналето.

Во првиот меч од 19 часот Пицерија Дивино против Кафе Бар Проект, а пак до 19:45 часот соочување на Дим Метал од Неготино против радовишкиот тим Порта ЕУ – Фреинт Оне.

Интересни и возбудлии мечеви нуди и саботната програма. Од 18 часот мало финале кај јуниорите генерација 2012/2013 битка за трето место во водат Mild Home Stone и Уни Глобал. Од 18:30 часот четвртфинален меч кај сениорите Алупласт Васил Јосифово против Електро Петар.


Во 19:15 часот финалето кај јуниорите генерација 2012/2013 меѓу Џокер Фурка и У10 од Гевгелија. Во 19:45 часот четвртфинална пресметка кај сениорите Баламов Компани на мегдан со Електро Транс.

Спортска Мрежа медиумски по првпат го поддржува овој турнир во мал фудбал кој се одржува во Стојаково



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Турнири

OHRID WOMEN’S CUP со отворена можност за секое девојче – не е потребно да биде дел од клуб!

Охрид на 5 и 6 септември ќе биде домаќин на првото издание...

Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!