Прва лигаФудбал

ФФМ воведува новитет: Клубовите ќе имаат увид во ВАР-анализите и комуникацијата

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија најавува важен чекор кон поголема транспарентност и доверба во судиските одлуки. Од пролетниот дел на сезоната, клубовите ќе добијат можност за директен увид во снимките и анализите од ВАР-собата, со цел подобро разбирање на спорните ситуации.

Новината ја соопшти претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, кој истакна дека секој клуб кој ќе смета дека бил оштетен ќе може официјално да поднесе жалба. По поднесеното барање, ќе следи заедничка анализа на спорната ситуација, вклучувајќи и слушање на комуникацијата помеѓу судиите во ВАР-собата.

„Клубовите кои сметаат дека биле оштетени од ВАР, ќе можат да поднесат жалба до ФФМ. Потоа заедно ќе ја прегледаме снимката и ќе ги слушнеме разговорите од собата. Овој предлог ќе се достави до Управниот одбор на ФФМ, а од пролетниот дел ќе се донесе конечна одлука за тоа како видеата од ВАР-собата ќе станат достапни за сите клубови“, изјави Омерагиќ.

Предлогот веќе ќе биде доставен до Управниот одбор на ФФМ, по што се очекува официјална одлука за начинот на имплементација. Целта е јасна – намалување на сомнежите околу судиските одлуки и создавање пофер натпреварувачка средина во македонскиот фудбал.

ВАР-системот беше воведен од оваа сезона, веднаш по доаѓањето на Омерагиќ на чело на ФФМ, а најавените промени претставуваат дополнителен чекор кон негово унапредување и правилна примена во Првата лига.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!