Останато

ФОТО: Делчево во 2026 година добива комплетно нова и современа спортска сала

Сподели
ФОТО: Иван Гоцевски-Градоначалник на Општина Делчево | facebook
Сподели

Делчево направи голем чекор напред во развојот на спортската инфраструктура, откако беше најавено дека во 2026 година ќе биде комплетно нова и современа спортска сала. Проектот има огромно значење за спортот, младите и спортските клубови во општината и претставува една од најважните инвестиции во последните години.

Новата сала ќе ги замени постојните објекти кои со децении не ги исполнуваат основните услови за тренинг и натпреварување, а реализацијата е овозможена со поддршка од Владата и Министерството за спорт.

Целта е Делчево да добие функционален, безбеден и модерен спортски центар, достоен за сите генерации спортисти.

ФОТО: Иван Гоцевски-Градоначалник на Општина Делчево | facebook

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, за време на увидот во постоечката сала, ја истакна важноста на овој проект и чекорите кои следуваат:

„Денес, заедно со вредните и стручни екипи од Министерството за спорт и Општина Делчево, извршивме увид во постоечката сала која цели 24 години се наоѓа во навистина лоша, недостојна состојба. На лице место разговаравме за сите детали, потребни информации и чекори кои следуваат со цел целосна реконструкција и создавање на функционален, безбеден и модерен спортски објект. Ова не е само инвестиција во објект, туку инвестиција во иднината на нашите деца, спортисти и спортски клубови. Делчево заслужува услови за спорт какви што имаат и другите градови, и чекор по чекор тоа го остваруваме. Продолжуваме посветено да работиме за подобар, помодерен и поразвиен град. Оваа Влада докажува дека е вистински пријател на спортот и младите“, вели градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски.

Со изградбата на новата спортска сала, Делчево ќе добие услови за развој на повеќе спортови, ќе се зголеми интересот кај младите за активно спортување, а градот ќе стане поконкурентен и на регионално ниво. Овој проект се очекува да остави долгорочен позитивен белег врз спортот и целокупниот живот во општината.

ФОТО: Иван Гоцевски-Градоначалник на Општина Делчево | facebook


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!