Турнири

Следните два дена на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе бидат навистина „пеколни“

Сподели
Сподели

Следните два дена на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ нудат неверојатни натпревари, кои ќе понудат неизвесности и многу погодоци. Во продолжение комплетната понуда за среда и четврток на турнирот во Стојаково.

Утре на програмата ќе има четири натпревари. Вечерта се отвара во 18 часот со мечот кај јуниорите од генерација 2016/2017 меѓу Жика Стојаково и МК Гевгелија, а пак од 18:30 часот Џокер Фурка ќе игра со Џоко Чона Гевгелија.

Кај сениорите во 19 часот Кафе Бар Проект од Јосифово ќе игра со Десива Транспорт од Богданци, а од 19:45 часот Баламов Компани ќе се соочи со Електро Петар – Гевгелија.

Во четврток од 18 часот јуниори генерација 2012/2013 Дојранско Езеро против Mild Home Store, а половина час подоцна Фавела Бојс против Маркет Го-Да Чонов Микро.


Во 19 часот кај сениорите ќе се соочат Клик Гевгелија со Илинден 2007 од Негорци, а од 19:45 часот Алупласт Васил Јосифово пртив Дизел Кале Тобако Марија.

Спортска Мрежа по првпат е медиумски покровител на овој спортски настан.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!