Турнири

Џокер Фурна загуби од Клик Гевгелија на „Стојаково 2025“, Јанг Бојс кај јуниорите со висока победа!

Сподели
Сподели

Синоќа беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“, од кои два беа кај јуниорите, а еден во сениорска конкуренција. Јанг Бојс во генерација 2016/2017 беше пресилен откако забележа победа од високи 6:0 над Џоко Чона во меч на тотална доминација, а публиката уживаше во шест погодоци.

Вториот меч во генерација 2010/2011 беше далеку понеизвесен и возбудлив, Vibe Bar беше минимално поразен од 1:2 од тимот на Маркет Го-Да Чонов Микро.

Слично помина и единствениот меч кај сениорите, Џокер Фурка загуби со минимални 1:2 од тимот на Клик од Гевгелија, кој беше подобар. Присутните во салата беа сведоци на три гола, но и на добар меч со многу неизвесности до самиот крај.


Вечерва продолжуваат возбудувањата од 18 часот јуниори генерација 2016/2017 Мини Дриблерс против МК Гевгелија, а пак од 18:30 часот генерација 2012/2013 У-10 од Гевгелија против Џоко Чона од Гевгелија. Во 19 часот кај сениорите Кафе Бар Проект против Илинден 2007, а пак од 19:45 часот Пролетер од Стојаково ќе го пречека тимот на Тобако Лени.

Спортска Мрежа годинава по првпат е медиумски покровител на овој турнир во мал фудбал, кој секоја вечер ја полни салата со силна поддршка на секој меч.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Фит Фан Волеј ќе игра во Првата лига и следната сезона

Одбојкарките на Фит Фан Волеј и следната сезона ќе бидат дел од Првата лига жени, откако успешно ја минаа бараж фазата и го...

Поврзани написи
Турнири

Интернационал Мастерс Куп 2026 расте: Пансерраикос и АК Фудбала 11 нови имиња на турнирот

Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот...

Турнири

Охрид Куп 2026 – Зошто сè повеќе екипи го избираат овој турнир?

Во време кога младинскиот фудбал сè почесто се сведува на резултати и...

Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!