Ракомет

ФОТО: Радовиш беше борбен но не доволно за бодови – Струга носи цел „плен“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во дербито од дното на две екипи кои жилаво се борат за опстанок поуспешна беше екипата на Струга која го доби „фенерџијата“ Радовиш со „инфарктен финиш“ од 24:26 во последниот меч од 16. коло на Суперлигата.

Радовиш останува и натаму да сонува за своите бодови иако вечерва одигра мотивирано, борбено со желба конечно да ја израдува својата публика, голманот Славјан Паунов беше одличен на голот, но сепак стружани на крајот слават важна победа во трката за опстанок.

Мечот започна менување на водството и игра гол за гол, стружани први дојдоа до плус два при 5:7 кога Костоски и Мечкароски погодија за серија од два разлика. Клучни беа интервенциите на искусниот Славјан Паунов кој го држеше неговиот тим. Со серија од два погодоци во низа Радовиш дојде до израмнување на 7:7.

Првиот дел заврши со минимална предност од 11:10 што се потврди неизвесноста за овој меч на две екипи кои и оваа сезона како и минатата водат тешка борба за опстанок.

Во вториот дел Паунов одново блескаше на голот и му овозможи на неговиот тим прво водство од плус два при 14:12, а Струга направи неколку грешки во нападот кој максимално ги казни Радовиш.

Ваквата игра даваше надеж дека Радовиш би можел конечно до прв позитивен резултат и до први бодови, но се виде и самата енергија кај ракометарите кои беа доста мотивирани и желни конечно да стават крај на лошата серија резултати.


Но, сепак домашниот тим ја прокоцка предноста од два гола кога стружани стигнаа до 17:17, а на голот на Радовиш застана Даниел Ацев, кој веднаш запиша интервенција и со два гола во низа Радовиш дојде до 19:17 односно плус нови два гола предност.

На ваквата игра тимот од градот покрај езерото побара тајм-аут, но не се променија многу работите, одново продолжи таа игра со која Струга сакаше да го презеде водството, но Радовиш го држеше со гол до два предност.

На 20:20 домашниот тим не реализираше, а при обид гостинот да погоди директно на празен гол не реализираше, па така Радовиш пак го врати водството со голот на Здравко Постолов на 21:20, а Стефан Атанасовски доби две минути ладење на клупа. Ваквиот период го издржа Струга и не му дозволи на Радовиш на прави разлика, а капитенот Постолов беше перфектен.

Финишот беше неверојатно стресен – грешки на двете екипи, исклучувања, а Наум Костов постигна гол кога најмногу требаше за водство на Струга од 24:25 на помалку од минута до крај.

На крајот Ферукоски погоди за конечни 24:26 и голема радост на тимот на Струга.


Здравко Постолов со осум гола беше најдобар кај домашниот тим, а кај гостинот прво име беше Наум Костов.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Радовишани вечерва пресилни на „Стојаково 2025“, многу погодоци кај јуниорите!

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“, каде одново покрај многубројната публика имаше и голем број на...

Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново гради тим за Прва лига!

Второлигашот Шкендија од Арачиново има јасна цел и визија – влез во Првата македонска фудбалска лига. Тимот кој го води Љупчо Марковски –...

Поврзани написи
Ракомет

Трајкоски блескаше, но Бутел остана без триумф во Битола!

Во Битола се одигра крајно возбудлив дуел од 16. коло во Супер...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер 2 – Бутел

Во Битола се среќаваат Еурофарм Пелистер 2 и Бутел во дерби за...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Радовиш – Струга

Дербито од дното на Суперлигата вечерва се игра во СРЦ „25 Мај“...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Куманово

Со дербито од средишниот дел на табелата на женската ракометна Суперлига меѓу...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!