Турнири

Дим Метал ги „меле“ противниците – високи победи над Електро Петар и Такси Ага

Сподели
Сподели

Синоќа на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ одново беа постигнати рекордни погодоци, а салата пак беше полна со публика која даваше поддршка на екипите.

Стандардно вечерта се отвара со натпреварите кај јуниорите, а првиот меч беше за генерација 2016/2017 каде тимот на Јанг Бојс од Неготино со 2:7 загуби од Гевгелија Мол. Тимот на Џокер Фурка со 3:0 пак славеше над У10 – Гевгелија кај генерација 2012/2013.

Вечерва во целост припадна на тимот на Дим Метал од Неготино, бидејќи одигра два меча и на двата забележа победа.

Во првиот меч Дим Метал славеше над Електро Петар со 2:6, иако резултатот е висок, сепак резултатот не е одраз на самата игра, а публиката проследи навистина возбудлив и интересен натпревар.

Во вториот меч Дим Метал беше уште помоќен откако тимот од Неготино со 2:12 го откажа во целост составот на Такса Ага кој беше инферирорен да му парира на расположениот и силен Дим Метал.


Утре следуваат нови возбудувања, а што нуди програмата можете да прочитате овде. Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Радовишани вечерва пресилни на „Стојаково 2025“, многу погодоци кај јуниорите!

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“, каде одново покрај многубројната публика имаше и голем број на...

Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново гради тим за Прва лига!

Второлигашот Шкендија од Арачиново има јасна цел и визија – влез во Првата македонска фудбалска лига. Тимот кој го води Љупчо Марковски –...

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Радовишани вечерва пресилни на „Стојаково 2025“, многу погодоци кај јуниорите!

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково...

Турнири

Порта ЕУ Freight One со два меча против Лион и Еклер Транс на „Стојаково 2025“

Вечерва, четврток на програмата на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе...

Турнири

Илинден 2007 и Алупласт Јосифово прокнижија победи на “Стојаково 2025”

Голеадата на турнирот во мал фудбал “Стојаково 2025” продолжува. Одново публиката следеше...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!