Турнири

ФОТО: Електро Петар славеше во меч со 18 гола, триумф за Еклер Транс на „Стојаково 2025“

Сподели
Сподели

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ – два натпревари кај јуниорите, како и два меча кај сениорите.

Одново вистинска голеадата, еден меч беше имаше и ракометен резултат, а публиката одново уживаше во добир натпревари.

Кај јуниорите во генерација 2014/2015 Кико Кидс ја доби екипата на Диана Шпед со 5:2, додека пак кај генерација 2010/2011 тимот на Бригада 12 воопшто не виде мака и го „збриша“ составот на Vibe Bar со фантастични 7:0 со што победничкиот тим успеа да ја сочува својата мрежа чиста.

Првиот меч за оваа вечер кај сениорите на момент наликуваше на ракометен меч – Електро Петар со неверојатни 6:12 го декласираше Такси Ага. Овој натпревар понуди неверојатни 18 гола на големото задоволство на публиката.

Вториот меч беше далеку понеизвесен, а тоа донесе многу повеќе адреналин и неизвесност за бодовите. Еклер Транс славеше триумф од тесни 1:2 над Тобако Лени.


Утре на програмата ќе има одново четири натпревари, два кај јуниорите и два кај сениорите.

Вечерта се отвара во 18 часот со мечот од генерација 2016/2017 каде Жила Стојаково ќе игра со Мартин Богданци, а пак во генерација 2010/2011 тимот на Бригада 12 ќе бара нов триумф против Маркет Года Џонов Микро, овој меч е закажан за во 18:30 часот.

Кај сениорите првиот меч стартува во 19 часот, а се среќаваат Алупласт Васил Јосифово против Млаз Инженеринг Транспорт.

45 минути подоцна следува вториот меч кај сениорите или четврти по ред на програмата. Илинден 2007 оди на мегдан со Десива Транспорт Богданци.


Во среда исто така програмата нуди четири натпревари, два кај јуниорите два кај сениорите во ист термин.

Во 18 часот јуниори генерација 2016/2017 Јанг Бојс од Неготино на мегдан со Гевгелија Мол, од 18:30 часот генерација 2012/2013 Џокер е игра со У10 Гевгелија.

Екипата на Дим Метал од Неготино ќе игра два меча еден по друг, првиот од 19 часот против Такси Ага, а вториот против Електро Петар од 19:45 часот. Ќе видиме колку тимот од Неготино ќе биде подготвен за два меча еден по друг.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Пријателски меч на третолигашите Овче Поле и Борец

Утре ќе биде одигран пријателски меч меѓу Овче Поле и Борец, кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Свети Николе со почеток...

Трета лигаФудбал

Спировски: Во недела одиме по историја во Струга, јас ветувам дека Втора лига ќе ја донесам во Могила!

Во рамки на 16. коло од Трета лига – Југозапад, љубителите на фудбалот ќе имаат можност да проследат вистинско дерби, откако второпласираната Могила...

Поврзани написи
Турнири

Интернационал Мастерс Куп 2026 расте: Пансерраикос и АК Фудбала 11 нови имиња на турнирот

Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот...

Турнири

Охрид Куп 2026 – Зошто сè повеќе екипи го избираат овој турнир?

Во време кога младинскиот фудбал сè почесто се сведува на резултати и...

Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!