Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Сподели
Сподели

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција.

Турнирот беше отворен со интонирање на македонската химна во изведба на Серафина Горбашлиева, во преполната сала во Стојаково.

Турнирот започна со убедливата победа на Фавела Бојс од 8:2 над VIBE Гевгелија кај јуниори генерација 2010/2011, додека пак на вториот меч тимот на Гевгелија Мол со 0:4 го доби составот на Џоко Чона кај јуниори 2016/2017.

Возбудувањата за публиката најмногу имаше на двата сениорски натпревари. Во првиот тимот на Пролетер од Стојаково со убедливи 7:2 го декласираше Лион и најави дека ќе оди кон освојување на турнирот, додека пак на вториот меч беа постигнати 15 погодоци – публиката проследи вистинска голедата, тимот на Клик Гевгелија беше пресилен за Десива Транспрот, тим кој беше инфериорен на теренот да парира во обид за позитивен резултат.

Утре на програмата се нови два меча кај јуниорите и два меча кај сениорите.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој...

Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!