Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Сподели
Сподели

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани, а Осогово може гордо да ја заврши годинава како еден од најпозитивните клубови во лигата. Со учинок од седум победи, три ремија и пет порази, „жетварите“ собраа 24 бодови и ја обезбедија позицијата во топ-седум зоната, која моментално гарантира директен опстанок – примарната цел на клубот.

Но амбициите на Осогово не застануваат тука. Тимот покажува напредок, стабилност и јасен план, а според атмосферата во клубот, во Кочани веруваат дека можат да бидат сериозен конкурент и повисоко на табелата.

Еден од најискусните фудбалери во тимот, Христијан Митревски, во ексклузивна изјава за Спортска Мрежа го долови моментот и причините за подемот на екипата.

„Можам слободно да кажам дека сме позитивно изненадување на полусезоната, иако многумина нè отпишаа. Тренерот Крсте Крстев, кој важи за еден педагог со големо фудбалско искуство, уште од првиот ден веруваше во нас. Дефинитивно го најде рецептот како со повеќето млади, перспективни играчи, со исклучок на неколкумина повозрасни, да парира и да создаде еден компактен тим со кој може да се надигрува со секого и секаде“, ни изјави Митревски.

28-годшниот фудбалер меѓу „жетварите“ пристигна од Башкими, вели дека во Осогово функционираат како една фамилија, притоа се заблагодари до претседателот на клубот, како и до навивачката група „Сејмени“ за големата поддршка.

„Голема благодарност и до луѓето – претставници во клубот, посебно до претседателот Ненад Ефтимов кој создаде една фамилија од нас, и тоа е знак дека нешто се случува во Осогово и Кочани. Исто така, респект до навивачката група „Сејмени“ и целата кочанска јавност што беше наш 12. играч во текот на оваа полусезона.“

Митревски во изјавата за Спортска Мрежа истакнува дека доаѓаат едни подобри денови за Осогово и Кочани.

„Ние, играчите, сега заминуваме на заслужен одмор, но да не се залажуваме – ништо не е завршено, има уште доста да се игра. Но едно е сигурно: доаѓаат едни подобри денови за Осогово и Кочани.“

Осогово во пролетниот дел ќе влезе со засилена самодоверба, солидна база на резултати и јасна визија. Доколку ја продолжат формата од есента, „жетварите“ имаат потенцијал и за многу повеќе од борба за директен опстанок.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во Анкара на најдобар можен начин – со победа над Словачка (26-24)...

Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла точка од дуелот во Автокоманда – промовирање на ново младинско богатство....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Слога Виница – Охрид

Денес на Градскиот стадион во Виница се игра мечот од 15. коло...

Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!