Ракомет

Андоновски: Сакаме да му се реваншираме на Прилеп

Сподели
ФОТО: РК Тинекс Пролет
Сподели

Последната победа во Радовиш ја врати позитивната атмосфера во редовите на Тинекс Пролет, па скопскиот суперлигаш очекува уште едно добро издание и позитивен резултат и во новата рунда во која на домашен терен ќе го пречека составот на Прилеп (17 часот, сала „Македонско Сонце“).

Станува збор за ривал од кој беше претрпен пораз од 35-32 во првиот круг од натпреварувањето, што ќе биде само мотив плус за сите во таборот на Тинекс Пролет за добро издание и победа над незгодниот ривал.

„Секако дека сакаме да славиме, да освоиме нови бодови и да му се реваншираме на овој ривал за поразот од пред неколку месеци. Кога играме дома секогаш одиме на победа и исклучок нема да биде ниту утрешниот дуел. Тоа не значи дека ќе ни биде лесно, Прилеп се покажа како квалитетен тим, минатото коло убедливо го совлада Бутел што е јасно предупредување за нас, дека мораме да бидеме максимално фокусирани во текот на сите 60 минути. Цврста одбрана и дисциплиниран напад, тоа е она што треба да не краси против Прилеп“, изјави капитенот Ласко Андоновски.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново засилување во составот е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ. 27-годишниот бек, висок...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

Поврзани написи
Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата...

Ракомет

Томче Трајчевски ја засили Преспа, ресенчанецот се врати дома

Прволигашот Преспа за новата сезона ќе има искусно име во своите редови,...

Ракомет

Кукуловски „грмеше“ од девет метри: седум гола за победничко деби во Металопластика!

Поранешниот ракометар на Охрид, Дејан Кукуловски, со одлична индивидуална партија го започна...

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!