Младински фудбалФудбал

ФК Пелистер објави јавен повик – стартуваат селективни натпревари за нови таленти

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер Младинска Школа
Сподели

Пионерско–младинската школа на ФК Пелистер ги отвора вратите за сите млади фудбалери кои сакаат да станат дел од зелено-белото семејство. Клубот упати јавен повик за селективни натпревари со цел да се пронајдат нови таленти родени во периодот од 1 јануари 2007 до 31 декември 2010 година.

Селекциите ќе се одржат на теренот „Ќумурно“ – Павел Шатев, во следниве термини:

  • Сабота, 13 декември 2025 – од 10:00 часот

  • Недела, 14 декември 2025 – од 10:00 часот

Повикот важи за деца од Битола, околните општини, но и од подалечни места, под услов моментално да не се дел од системот на ПМФШ на Пелистер, а може да доаѓаат од друг клуб и така да станат дел од битолската фудбалска гордост. Исклучок се таленти кои се подготвени да направат исчекор и да се приклучат кон Пелистер доколку поседуваат квалитет и силна амбиција за напредок.

За учество на селекциите, децата треба да понесат целосна тренинг-опрема:
копачки, костобрани, штуцни, дрес и тренерки.

Процесот ќе биде спроведен под надзор на координаторот на пионерско–младинската школа Марјан Секуловски, тренерите на генерациите 2007–2010, како и дел од стручното лице од останатите младински категории и првиот тим на Пелистер.


Од клубот порачуваат дека секое дете кое има желба да расте – како фудбалер и како личност – е добредојдено во нивното семејство. Паралелно, запишувањето во помладите генерации, од 2011 до 2020 година, продолжува континуирано на редовните тренинзи.

ФК Пелистер со овој повик ја продолжува традицијата на создавање млади играчи и градење силна база за иднината на клубот. Спортскиот дух и професионалната грижа вечно остануваат темел на зеленo-белата школа.


Сподели

Не пропуштајте

ИнтервјуИнтернационалциМагазинФудбал

ИНТЕРВЈУ | Танев: „Без пораз станавме шампиони, но поголем предизвик е да се води клуб отколку да се игра“

Ристо Танев, поранешен фудбалер и денес генерален директор на грчкиот клуб АЕП Поликастро, зад себе има шампионска сезона со својот тим. Легенда на...

Прва лигаФудбал

Игор Стојчевски ќе им суди на Силекс и Шкендија, Марјан Стојановски на центарот во Ѓорче

Денес со два натпревари се отвара 30. коло на Првата македонска фудбалска лига, а за истите натпревари делегирани се и судиите кои ќе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Игор Стојчевски ќе им суди на Силекс и Шкендија, Марјан Стојановски на центарот во Ѓорче

Денес со два натпревари се отвара 30. коло на Првата македонска фудбалска...

КупФудбалФутсал

Радовишанецот Горан Стојанов блесна во финалето: хет-трик за историја и двојна круна на Проект

Горан Стојанов беше едно од најзвучните имиња во големото финале од Купот...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Хет-трик за Арсовски: Убедлива победа за Кратово, СЕЕ Университи однесе триумф во Липково

Убедлива победа забележа екипата на Кратово која со 8:1 го декласираше Овче...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!