Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото место и високата парична награда.
Во трката за титулата влегуваат 18 екипи, поделени во четири групи, две ќе бидат со по пет екипи, а две групи со по четири екипи.
Во групата А ќе бидат сместени екипите на Дивино Босилово, Алупласт Васил Јосифово, Дизел Кале, Млаз Инженеринг.
Во групата Б се најдоа пет екипи и тоа Јосифово, Џокер Фурка, Десива Транспорт, Илинден 2007, Клик Гевгелија.
Четири екипи ќе бидат во група В, а таму се Фреинт Оне од Радовиш, Еклер Транс од Пепелиште, Тобако Лени Гевгелија, Пролетер Стојаково и екипата на ФК Лион.
Во групата Г се четири екипи – Дим Метал Кавадарци, Баламов Компани Негорци и екипата на Такси Ага.

Исто така, ќе има и јуниори генерација 2010/2011 со пет екипи односно Фавела Бојс, Mild Home Store, Vibe Гевгелија, Брига 12 од Кавадарци и Маркет Года од Гевгелија.
Во генерација 2016/2017 ќе бидат исто така пет екипи се работи за Гевгелија Мол, Џоко Чона Гевгелија, Жила од Стојаково, Мартин Богданци, Јанг Бојс од Неготино
Во генерација 2014/2015 учество ќе земат три екипи, Диана Шпед Гевгелија, Кико Кидс од Валандово и екипата на Дроне Транспорт.
Во генерација 2012/2013 ќе бидат две групи, каде во А ќе бидат У10 Гевгелија, Џокер Фурка и Џоко Чона Гевгелија, а пак во Б ќе бидат Mild Home Store, Дојранско Езеро, Кирил и Методиј од Стојаково и Уни Глобал од Гевгелија.

Првата вечер на програмата носи четири натпревари, два во јуниорска конкуренција, а два во сениорска.
Кај јуниори во генерација 2010/2011 ќе настапат Фавела и Vibe од 18 часот, а 30 минути подоцна силите ќе ги одмерат Џоко Чона против Гевгелија Мол во генерација 2016/2017.
Во 19 часот започнуваат натпреварите во сениорска конкуренција, а овогодинешното издание се отвара со мечот меѓу Пролетер Стојаково и ФК Лион од 19 часот, а пак 45 минути подоцна Клик Гевгелија оди на мегдан со тимот на Десива Транспорт.

Спортска Мрежа по првпат годинава ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан.
- Распоред за следните денови:
