Ракомет

Андоновски: „Нè очекуваат три тешки дуели, но верувам дека ќе се радуваме!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По поразот од Вардар, ракометарите на Охрид се решени да се вратат во ритам и повторно да заиграат победнички пред својата публика. Новата шанса ја добиваат веќе утре, повторно на домашен терен, каде ги очекува дуел со тимот на Еурофарм Пелистер 2.

Во таборот на охриѓани се свесни дека следниот период ќе биде исклучително тежок и напорен.

Асистент-тренерот на Охрид, Крсте Андоновски, нагласува дека тимот мора да остане целосно концентриран бидејќи го очекуваат три натпревари во само неколку дена – најпрво Пелистер 2 во Охрид, потоа гостување кај Тиквеш во Кавадарци, па нов домашен предизвик против актуелниот шампион- Еурофарм Пелистер.

„Зад нас е натпреварот со двократниот европски шампион Вардар кој е прв фаворит за освојување на домашното првенство оваа сезона. За жал, не успеавме да извојуваме победа на тој натпревар, но мислам дека го дадовме максимумот со оглед на тоа што минатата недела тренинзите се одвиваа без присуство на неколку клучни играчи. Ни следува згуснат распоред. Во наредните осум до девет дена играме три важни натпревари. Во петок ја пречекуваме екипата на Еурофарм Пелистер 2. Во среда имаме тешко гостување со екипата на Тиквеш во Кавадарци и во недела на домашен терен го пречекуваме актуелниот шампион на Македонија, екипата на Еурофарм Пелистер. Се надевам дека играчите кои се пожалија на повреди изминатиов период ќе се опорават и максимално подготвени, фокусирани ќе влеземе во овие натпревари и заедно ќе се радуваме“. – изјави Андоновски.

Охрид утре ќе има можност да се врати на позитивен резултат и да го започне напорниот мини-циклус со победа.

Средбата со Еурофарм Пелистер 2 ќе се одигра во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 18:00 часот, пред домашна публика која секогаш знае да биде нивен ветер во грб.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Бењамин Ќерими го доби соочувањето меѓу Скопје и Истатов, Блаже Петковски главен во Струмица

Денес ќе биде отворено шестото коло во Првата женска фудбалска лига со натпреварот во Пржино. Познати се и судиите кои ќе ја делат...

Втора лигаФудбал

Качевски ќе им суди на Камјани и Детонит, Пилешков на Пелистер и Охрид, Стојанов главен во Горно Лисиче

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од шестото коло на Втората македонска фудбалска лига. Колото се отвара со шест мечеви...

Поврзани написи
Ракомет

Хрватски судии за европскиот двомеч на Тиквеш со Еш

Тиквеш ги доби официјалните лица за двата натпревари против Handball Esch од...

Ракомет

Мајдоуб: Ништо не е загубено, сезоната е само на почетокот – против Вардар ќе го дадеме максимумот

Несреќниот пораз од Прилеп е минато, Младост се фокусира на следните предизвици...

Ракомет

Паунков: Мора да го оставиме овој несреќен пораз од Прилеп зад нас, против Вардар да покажеме добра игра

Младост испушти победа од раце против Прилеп на домашен терен, од плус...

Ракомет

Драма до последната секунда: Вардар за малку до сензација против Нант

Вардар беше на чекор до голем триумф во „Јане Сандански“, но Нант...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!