Традицијата продолжува, а интересот расте – остануваат уште само две дена до затворањето на пријавите за едно од најпосетените зимски фудбалски случувања во регионот: „Стојаково 2025“. Крајниот рок е 4 декември до 17:00 часот, по што веднаш ќе биде одржана ждрепката.
Спортската сала во Стојаково на 6 декември повторно ќе се претвори во арена со полни трибини, силни емоции и ревија на таленти. Годинашното издание носи и богат награден фонд – 180.000 денари за победникот, 100.000 за второто место, 60.000 за третото и 30.000 за четвртото. Ќе бидат доделени и индивидуални признанија за најдобар играч и најдобар голман.
Котизацијата за сениорите изнесува 4.000 денари, а за јуниорските категории 1.200 денари. Пријавувањето се врши на следните броеви: 070 508 366 (Никола), 071 207 248 (Столе), 077 698 105 (Александар).
И годинава ќе има томболи и вредни награди секоја вечер – препознатлив белег на турнирот, кој секогаш носи спектакуларна атмосфера.
По првпат, Спортска Мрежа ќе биде официјален медиумски покровител со комплетно покривање: резултати, извештаи, фотографии и видео материјали.
Времето истекува – остануваат уште два дена за сите екипи што сакаат да бидат дел од зимската фудбалска магија во Стојаково. Пријавете се и влезете во игра!