Останато

Македонија со два сениорски одбојкарски тима и во Европската лига 2026

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Машката и женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија втора година по ред паралелно ќе настапуваат во Европската лига. Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија донесе одлука да го задржи континуитетот во ова натпреварување, кое од 2026 година ќе добие нова тежина – ќе стане квалификациски циклус за пласман на ЕвроВолеј 2028.

Машкиот национален тим е редовен дел од Европската лига уште од 2014 година, додека женската селекција ќе го има своето трето учество, второ последователно, по дебито во 2023 година.

Пријавите за Европската лига 2026 беа затворени на 1 декември, а ЦЕВ до крајот на годината треба да го претстави новиот систем на натпреварување, најавен на последниот Конгрес во Париз.

Според најавите, пласманот на ЕвроВолеј 2028 ќе се одвива преку Европската лига 2026 и 2027. Четирите најдобри селекции од секое од двете изданија ќе обезбедат директно учество (вкупно осум), заедно со четирите организатори на шампионатот, шампионот од ЕП 2026 и уште 11 репрезентации според ранкингот на ЦЕВ по завршувањето на Европската лига 2027.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!