Ракомет

„Одиме на победа“ – Марио Стојановски ја најавува последната рунда во Лига Европа!

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Ракометарите на Вардар, утре го играат последниот натпревар од групната фаза на Лига Европа, против Тулуз во Скопје. Иако мечот нема резултатско значење за пласманот, сепак домашните играчи се мотивирани да покажат одлична игра пред своите навивачи и да го завршат европскиот настап во групната фаза, на импресивен начин.

Левото крило на Вардарци, Марио Стојановски, нагласува дека екипата е добро подготвена и дека победата е остварлив резултат.

„Добро го имаме анализирано Тулуз, треба само да го спроведеме на теренот тоа што ни го кажа стручниот штаб на чело со Иван Чупиќ и одиме на победа“, изјави Стојановски.

Мечот меѓу Вардар и Тулуз се игра утре (02.12) од 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“. Иако групната фаза е завршена за Тулуз, Вардар има можност да ја заврши со позитивен резултат пред својата публика.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Четврток за промени во Втора лига: Охрид и Работнички атакуваат на врвот, Детонит и Тетекс ќе бараат позитивен резултат

Во четврток Втората македонска фудбалска лига може да добие нов лидер, но истовремено одложените натпревари од второто коло може дополнително да ја усложнат...

Кошарка

ГКК Штип го засилува ростерот со американски крилен центар пред дебито во новата сала „Џексон“

Новиот суперлигаш ГКК Штип 1933 продолжува активно да го составува тимот за историскиот настап во елитното друштво, а најново име во ростерот е...

Поврзани написи
Ракомет

„Лавиците“ преку Марија Анчева до реми со Спартак, шампионот убедлив, а пак Чаир беше пресилен за Вардар

Третото коло на женската ракометна Супер лига донесе реми меѓу Ѓорче Петров...

Ракомет

Габриела Величковска започна тренерска кариера: Штипјанката го презеде Астибо

Штипскиот прволигаш Астибо доби нов тренер – Габриела Величковска, која по успешната...

Ракомет

Охрид, Алкалоид и Бутел ги чекаат европските ривали: Утре е денот на ждрепката!

По комплетирањето на првото коло во ЕХФ Европскиот куп, познати се сите...

Ракомет

Славиќ пред Прилеп: Фокусот мора да биде на нас, Охрид по нова победа!

По гостинската победа над Бутел Скопје, ГРК Охрид продолжува со обврските во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!