Втора лигаФудбал

Одложените пет натпревари од 15. коло ќе се играат овој викенд: Мечот Слога – Охрид преместен на “Билјанини Извори”

Сподели
ФОТО: ФК Новаци
Сподели

По дополнителните консултации и проценката дека временските услови се стабилизираат, Комисијата за натпревари донесе одлука петте одложени средби од 15. коло во Втората лига, кои првично беа закажани за 14 февруари 2026 година, сепак да се одиграат овој викенд – на 6 декември 2025 година.

Иако претходна одлука предвидуваше пренесување на целото коло во февруари, новата проценка покажува дека терените се во доволно добра состојба за регуларно одигрување на натпреварите.

  • Слога – Охрид ќе се игра на “Билјанини Извори”

Посебна промена има кај дуелот меѓу Слога Виница и Охрид. Поради лошата состојба на теренот во Виница, клубот Слога побара преместување на мечот, а по усогласување меѓу двата клуба и Комисијата за натпревари, решено е средбата да се одигра во Охрид, на 7 декември со почеток во 13:00 часот.

  • Распоредот за 15. коло изгледа вака:

6 декември 2025 (сабота, 13:00 ч.)

Кожуф – Вардар Неготино (Градски стадион Гевгелија)

Осогово – Новаци (Градски стадион Кочани)

7 декември 2025 (недела, 13:00 ч.)

Големо Коњари – Тетекс (игралиште с. Големо Коњари

Слога Виница – Охрид (стадион Билјанини Извори)

12 декември 2025 (петок, 13:00 ч.)

Детонит Плачковица – Скопје (Градски стадион Радовиш)

Со ова решение, колото ќе се одигра во целост, со што се избегнува дополнително згуснување на календарот во пролетниот дел од сезоната.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!