Ракомет

(ВИДЕО) Матлиевски: Бевме добро подготвени за мечот со Радовиш, заслужено го добивме, ни претстои тежок распоред!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Тинекс Пролет забележаа победа од 23:30 на гостувањето во Радовиш во рамки на 14. коло на Суперлигата. Со овој триумф скопскиот тим се враќа на победничките патеки.

Тренерот Никола Матлиевски за Спортска Мрежа истакна дека добро се подготвиле за мечот со Радовиш, дополнува дека заслужено го добиле истиот.

„Со оглед на тоа дека добро се спремавме за овој натпревар и мислам дека влеговме максимално фокусирани во натпреварот, многу брзо остваривме една солидна разлика. Тоа што донесе до едно мало опуштање во играта и еден пад во нашата игра, домаќинот го искористи тоа, меѓутоа во второ полувреме повторно ги поставивме на наше место, мислам дека заслужено победивме“, рече Матлиевски по победата над Радовиш за Спортска Мрежа.

Пред Тинекс Пролет следува тежок распоред, Матлиевски вели дека ќе одат натпревар по натпревар кон остварување на зацртаните цели.

„За наредните предизвици што ни следат значи имаме еден исклучително тежок распоред до крај на полусезоната до 20 декември. Наш нареден натпревар е натпреварот со Прилеп каде што се надевам дека ќе успееме да влеземе во една победничка серија која што ќе ни даде мотив понатаму за да ги оствариме нашите цели за оваа сезона. Секако влегуваме од натпревар во натпревар верувам дека моите играчи се свесни за предизвикот кој што ни претстои и максимално се фокусирани за тоа што ни следи и мислам дека даваат се од се и на тренинзите и на видео анализите и на натпреварите за да успееме да победиме. Очигледен е нивен напредок во играта пред неколку тешки натпревари кои ги имавме претходно, мислам дека спремни ќе ги дочекаме натпреварите против Прилеп, Куманово, Бутел и Еурофарм Пелистер 2 и дека ќе ги оствариме нашите амбиции и амбиции на клубот“, дополни Матлиевски во изјавата за Спортска Мрежа.

Тинекс Пролет е деветти на табелата со 11 бодови, три помалку од шестото место кое води кон плеј-офот. Во следното коло тимот на Матлиевски на домашен терен ќе игра дерби меч со Прилеп.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!