Ракомет

​Димковски пред Радовиш: Победата на гости секогаш бара дополнителна зрелост и концентрација

Сподели
ФОТО: РК Тинекс Пролет
Сподели

Ракометарите на Тинекс Пролет одиграа едно квалитетно полувреме против шампионот Пелистер, што дополнително ќе ја зголеми самодовербата во тимот во пресрет на новите предизвици.

Викендов (сабота, 17.30 часот) пред Тинекс Пролет е гостување во Радовиш, против тимот кој моментно е последен на табелата во Супер-лигата. Тинекс Пролет имаше шест победи во низа против саботниот ривал, но на последниот меч на домашен терен триумфираше „само“ со 27-24, како јасно предупредување дека овој ривал никако не смее да биде потценет.

„Фаворитската улога не значи ништо ако не ја потврдиме на терен. За нас тоа значи сигурна, контролирана игра од првата минута. Мора да влеземе концентрирано, да не правиме непотребни грешки и да ја држиме иницијативата. Кога си фаворит, сите очекуваат да доминираш – и токму тоа треба да го покажеме преку брз проток на топка, стабилна одбрана и дисциплина во нападот. Целта е да покажеме стабилност и да наметнеме ритам што противникот не може да го следи. Главната сила на Радовиш е борбеноста. Играат до крај, без разлика на резултатот. Имаат квалитетни играчи што ние ги анализиравме добро и се надевам дека ке ги затвориме во одредени ситуации“, вели Томислав Димковски, младиот и суперперспективен бек во редовите на Тинекс Пролет.

Во мак-ракометот е многу потешко да се стигне до цел плен на гостински терен, па јасно е дека не смее да дојде до никакво опуштање во текот на сите 60 минути.

„Победата на гости секогаш бара дополнителна зрелост и концентрација. Прво, мора да го издржиме почетниот притисок – и од противникот, и од публиката. На гости нема простор за опуштање, секоја грешка се плаќа. Затоа најважни се цврста одбрана и паметна организација во напад. Многу значи и карактерот – да останеме смирени, да не реагираме на провокации и да играме свои 60 минути. Нема да биде лесно играат дома ќе бидат мотивирани ,но ние добро се спремавме па се надеваме на позитивен резултат“, оптимист е Димковски.

Средбата меѓу Радовиш и Пролет се игра во СРЦ „25 Мај“ со почеток од 17:30 часот, а судии ќе бидат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Ракомет

„Лавиците“ преку Марија Анчева до реми со Спартак, шампионот убедлив, а пак Чаир беше пресилен за Вардар

Третото коло на женската ракометна Супер лига донесе реми меѓу Ѓорче Петров...

Ракомет

Габриела Величковска започна тренерска кариера: Штипјанката го презеде Астибо

Штипскиот прволигаш Астибо доби нов тренер – Габриела Величковска, која по успешната...

Ракомет

Охрид, Алкалоид и Бутел ги чекаат европските ривали: Утре е денот на ждрепката!

По комплетирањето на првото коло во ЕХФ Европскиот куп, познати се сите...

Ракомет

Славиќ пред Прилеп: Фокусот мора да биде на нас, Охрид по нова победа!

По гостинската победа над Бутел Скопје, ГРК Охрид продолжува со обврските во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!