Втора лигаФудбал

Осогово ја совлада Брегалница – Јованоски одбрани два пенали, Охрид со голем триумф, Новаци го “тресна” лидерот

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Брегалница не успеа да стигне до трите бодови на домашен терен, во мечот од 14. коло на ВМФЛ. Особово одигра феноменален натпревар и со минимални 0–1 славеше огромна победа против штипјани, носејќи ги трите бодови назад во Кочани. Тимот на Крсте Крстев продолжува со одличните партии оваа сезона и се зацврстува во средниот дел од табелата.

Брегалница имаше идеална шанса да поведе при резултат 0–0, но Дарко Алексовски – Пеле не успеа да реализира пенал. Голманот Ѓорѓи Јованоски маестрално интервенираше, „се испружи како пантер“ и го одбрани ударот од белата точка.

Казната за промашениот пенал стигна брзо — Давид Голубов погоди за водство од 0–1 на полувреме во корист на Осогово. Во второто полувреме Брегалница силно притискаше да ја анулира негативата, но не успеа да дојде до гол.

Судијата Дони Ристовски од Гевгелија покажа уште еден пенал за домаќините. Одговорноста ја презеде Хусеин Демири, но повторно блескаше Јованоски — одбрани уште еднаш и ја сочува својата мрежа недопрена. Осогово со голема дисциплина и огромна пожртвуваност ги освои трите бодови, кои вечерва во Кочани се слават како голема победа.

  • “Рибарите” речиси сигурни есенски шампиони

Охрид со минимални 1–0 славеше над Детонит Плачковица благодарение на погодокот на Иван Глигоров, кој го реши натпреварот. Гостите имаа шанса да израмнат во финишот, но Сашо Дуков не реализираше пенал. Трите бодови остануваат на Билјанини Извори.

Овој резултат најмногу му одговара на Охрид, бидејќи и Брегалница загуби, а пораз претрпе и лидерот Шкендија Рачиново.

  • Шкендија Арачиново со пораз – Охрид на праг да биде есенски шампион

Лидерот Шкендија Арачиново претрпе минимален пораз 1–0 на гостувањето кај Новаци. Со ова Новаци му прави услуга на Охрид, кој речиси сигурно ќе ја заврши есенската полусезона на првото место.

Стрелец на победничкиот гол беше Мартин Андоновски.

Екипите на Вардар Неготино и Победа одиграа реми без голови 0–0, во единствениот натпревар од колото без постигнат погодок.

Беласица со сигурни 0–2 славеше на гостувањето во Македонска Каменица против Саса, враќајќи се на вистинскиот колосек.

Стрелци беа Бојан Спиркоски и Коста Манев.

Екипата на Скопје ја забележа најубедливата победа во колото, триумфирајќи со 4–0 над Енергетика Големо Коњари.

Армир Иса го отвори мечот за 1-0 на полувреме, во вториот дел погодија Васко Папалиски, Виктор Ангелов и Александар Анастасијески.

  • Слога Виница со важни три бодови во Ресен 

Слога Виница славеше со 1–2 на гостувањето кај Преспа, освојувајќи драгоцени три бодови кои им даваат надеж дека можат да се борат барем за опстанок преку бараж.

Октај Амедов со два гола обезбеди предност за тимот од Виница, а домаќинот имаше сили само за ублажување на поразот преку Бобан Кузмановски во 72. минута.

Дуелот меѓу Тетекс и Кожуф ќе се одигра на 3 декември, бидејќи беше одложен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со жестоки казни: Суспензија од шест месеци за Бајрами, казни за Охрид и Брегалница

Дисциплинската комисија на ФФМ на денешната седница донесе повеќе одлуки по разгледувањето на случувањата на натпреварите од Македонската фудбалска лига. Фудбалерот на Охрид...

Останато

Ален Рустемовски запрен во полуфиналето, но се враќа со бронза од ЕП во Софија

Македонскиот боксер Ален Рустемовски не успеа да се пласира во финалето на Европското првенство во бокс во Софија, откако во полуфиналната борба беше...

Поврзани написи
Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со жестоки казни: Суспензија од шест месеци за Бајрами, казни за Охрид и Брегалница

Дисциплинската комисија на ФФМ на денешната седница донесе повеќе одлуки по разгледувањето...

Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во...

КупФудбал

КУП: Арсими ја декласираше Могила со 12 гола, хет-трик на Каба, два гола на Гаје

Прволигашот Арсими обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија откако славеше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!