ИнтернационалциФудбал

Влатко Илиоски ќе им суди на ФЦСБ и Пушкаш Академија во младинската Лига на шампиони

Сподели
Сподели

Македонските фудбалски судии добиваат ново признание од УЕФА. Судиска тројка од Македонија, предводена од главниот судија Влатко Илиоски од Прилеп, ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу ФЦСБ и Пушкаш Академија во рамките на младинската Лига на шампиони, кој ќе се игра во Романија.

Асистенти на Илиоски ќе бидат Иле Мишески од Прилеп и Мартин Дејаноски од Кичево. Четврти судија на мечот ќе биде Романецот Влад Бабан.

Натпреварот е закажан за утре од 16:30 часот, а македонскиот судиски тим ќе има значајна улога на овој дуел од младинската Лига на шампиони.

Ова ново назначување претставува уште една потврда од УЕФА за професионалноста, континуитетот и квалитетот на македонските судии, кои сè почесто добиваат шанса да судат важни меѓународни натпревари со голема тежина за клубовите.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи ја својата одлична форма во узбекистанското првенство. Офанзивецот игра сезона за...

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи...

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Нова „нула“ за „рибарите“: Охрид ремизираше со Графичар

Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!