Младински фудбалФудбал

Вардар Неготино есенски шампион со две младински категории: Со многу труд резултатите доаѓаат!

Сподели
Сподели

Вардар Неготино зад себе има успешна есенска полусезона со две младински категории – стана есенски шампион во Трета помлада пионерска лига Исток и во Трета пионерска лига Исток.

Многу труд, работа, залагање и посветеност и дисциплина на младите фудбалери под водство на тренерите Илија Стојанов и Велимир Смилков.

Вардар Неготино во Третата помлада пионерска лига запиша седум победи, едно реми и еден пораз, со 22 бодови заврши на првото место, Малеш од Берово е втор со 21 бод, но има меч повеќе, а пак трет е Осогово со 16 бодови. Во Третата пионерска лига екипата на Вардар Неготино е есенски шампион со 21 бод на своето конто, учинок од седум победи и два порази, а втор е Осогово, со тоа што тимот од Кочани има меч повеќе а има 17 бодови.

Тренерите за Спортска Мрежа едногласно – задоволни од залагањето и посветеноста на фудбалери, велат има простор за напредок.

„Лично како тренери секако дека сме задоволни од залагањето на нашите играчи како на тренинг, така и на натпреварите. Секако дека има простор да напредуваат, треба работа и само работа со тоа доаѓаат и резултатите.“

Пред фудбалерите сега е заслужен одмор, а потоа ќе следуваат подготовките за пролетниот дел од сезоната со цел да се повторат овие одлични резултати и во пролетниот дел, а со тоа Вардар Неготино да биде шампион во овие две натпреварувања.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Панов: Алкалоид е фаворит, но играме дома и сакаме да ги задоволиме сите со нашата игра

Младост со целосен фокус е на мечот од 4. коло на Супер лигата, во Богданци ќе го пречека Алкалоид во обид за изненадување...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Пелистер и Каменица Саса, Вјолца Изери на Вардар и Тиверија Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од 7. коло на Првата женска фудбалска лига, колото се отвара утре, а ќе...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Арсими ја декласираше Могила со 12 гола, хет-трик на Каба, два гола на Гаје

Прволигашот Арсими обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија откако славеше...

Втора лигаФудбал

Матески и Јахја за три бода на Охрид во Радовиш и прво место, Работнички го доби Тетекс

Охрид е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига откако „рибарите“ славеа...

Фудбал

Подобри услови за фудбал во Гостивар: Дополнителни рефлектори поставени на теренот со вештачка трева

Фудбалот во Гостивар добива подобри услови за работа и одржување на натпревари,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!