Втора лигаФудбал

ФОТО: Брегалница прва ја победи Шкендија и се доближи до врвот! Преспа со бод во Радовиш, Новаци со три бода во Струмица!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Денес беа одиграни натпреварите од 13. коло во Втората македонска фудбалска лига, а главното внимание беше насочено кон дербито во Сингелиќ, каде Брегалница ја прекина неверојатната серија на досега непоразената Шкендија Арачиново, славејќи со целосен пресврт – 1:2.

Натпреварот почна жестоко. Арси Љамалари уште во 6. минута донесе водство за Шкендија, но Брегалница се врати со голот на Даниел Карчиски од одлично изведен слободен удар во 43. минута за 1:1. На самиот крај од првото полувреме избувна инцидент, по кој и Карчиски и капитенот на Шкендија, Јасир Беќири, добија директни црвени картони.

Во вториот дел Брегалница одигра далеку поорганизирано, мотивирано и борбено. Хусеин Демири во 60. минута погоди за 1:2, резултат кој се покажа како конечен. Младиот Даријан Тасев имаше две стопроцентни шанси за уште поголема победа, но и покрај тоа, Брегалница заслужено замина со големи три бода, додека Шкендија Арачиново го запиша првиот сезонски пораз.

Во Струмица, Новаци славеше над Беласица со минимални 0:1, благодарение на голот на Мартин Богданоски. Домашниот тим од 42. минута играше со играч помалку, по црвениот картон на голманот Георги Трајков, што силно се одрази врз играта и резултатот.

Кожуф исто така славеше минимално – 0:1 во Прилеп против Победа, со голот на Албан Мемеди. Во Радовиш, Детонит Плочковица и Преспа ремизираа 1:1. Нијаз Јусуфи во 57. минута донесе водство за домашните, но искусниот Нико Пластиновски во 85. минута израмни за поделба на бодовите.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во Скопје беше виден целосен пресврт ‒ Скопје со 2:1 го совлада Тетекс со двата гола на најдобриот стрелец, Виктор Ангелов. Тетекс поведе рано преку Азис Јамини во 8. минута, но Ангелов со голови во 80. и 88. минута ја запечати победата на „пиратите“.

Еден од најголемите резултати викендов дојде од Виница – Каменица Саса со убедливи 2:6 ја декласира Слога. Хет-трик постигна Андреј Симевски, два гола даде Даријан Трајчов, а се запиша и Давид Спасов. За домаќините погодија Лука Николов и Михаил Воинов.


Убедлива победа забележа и Осогово, кој со 5:1 го совлада Вардар Неготино. Двојниот стрелец Драган Полунов, како и Жоглев, Поп Антовски и Николовски, го потврдија доминантниот настап на „жетварите“, за гостинот погоди Исмаил Бектеш.

Натпреварот меѓу Големо Коњари и Охрид не се одигра поради поплавен терен на домаќинот, а исто е презакажан за 3 декември.


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Томовски повторно двоцифрен, Македонецот продолжува да блеска во Бундеслигата!

Мартин Томовски повторно имаше значајна улога меѓу стативите за Битигхајм, иако неговиот тим остана без бодови во дуелот со Хановер. Гостите славеа со...

Прва лигаФудбал

Вардар се врати на победите, 2:0 против Шкендија Арачиново – крај на победничката серија на дебитантот

Вардар се врати на победничките патеки во Првата македонска фудбалска лига, откако во рамките на 8. коло на домашен терен со 2:0 ја...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар се врати на победите, 2:0 против Шкендија Арачиново – крај на победничката серија на дебитантот

Вардар се врати на победничките патеки во Првата македонска фудбалска лига, откако...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Пелистер со петта победа во низа, Каменица Саса убедлива против АС Јунајтед

Пелистер продолжува со одличните настапи во Првата македонска женска фудбалска лига, откако...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Пелистер го доби дербито со Охрид, ново реми на Беласица, победа за Новаци, бод за Осогово

Шестото коло на Втора лига го донесе и дербито меѓу ланските прволигаши...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Галабовска со седум гола: Тиверија Брера ја декласира Речица со 17:2

Тиверија Брера забележа убедлива победа во 6. коло од Првата македонска женска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!