Прва лигаФудбал

Бафто ќе им суди на Брера и Вардар, Илиоски главен во Кавадарци, Качевски ќе им суди на Шкупи и Пелистер

Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија ги објави делегираните судии за 14. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое ќе се игра во текот на четири дена, од петок до понеделник (21-24.11.2025).

Колото се отвара утре со натпреварот помеѓу Македонија Ѓ и Силекс на стадионот во Ѓорче Петров. Главен судија на овој дуел е Димитар Пилешков од Штип, со помошниците Кристијан Џонов и Ристо Ѓорѓиев, исто така од Штип.

Четврти судија е Стојанче Стојанов (Штип). ВАР тимот ќе го предводи Александар Урошевиќ (Тетово), со помош на АВАР судијата Фуркан Идризи (Тетово). Делегат е Илир Бектеши (Струга), контролор Дејан Неделкоски (Скопје), а оператор за повторување на снимка е Петар Стојановски (Скопје).

Во сабота, 22. ноември, се играат два натпревари, од кои погледот е насочен кон Струмица, каде Брера Струмица го пречекува Вардар. Овој натпревар ќе го суди Фатмир Бафто од Охрид, со помошниците Мишо Ѓорѓиески и Горан Балески (Охрид). Четврти судија е Доне Ристовски (Гевгелија).

ВАР арбитер е Стојанче Трпчевски (Скопје), а како негов асистент е Дарко Видиниќ (Скопје). Делегат на средбата е Мијалче Маџунаров (Штип), контролор Бранко Манојлоски (Берово), додека Матеј Димитриевски (Скопје) е оператор за снимка.


Истиот ден, на Градскиот стадион во Струга, Шкупи и Пелистер ќе го одиграат својот дуел. Главен судија е Јован Качевски од Струга, со своите сограѓани Разме Бакрачески и Климент Ристоски како помошници. Четврти судија е Марјан Стојановски (Кичево).

ВАР арбитер е Никола Костенчев (Скопје), додека Мартин Дејаноски (Скопје) е АВАР. Делегат е Зоран Перески (Прилеп), а контролор Марјан Кировски (Скопје), со Диме Димовски (Скопје) како оператор за снимка.


Неделната програма, 23. ноември, носи два интересни натпревари. Во Кавадарци, на Градскиот стадион, Тикве го пречекува Башкими од Куманово. Овој дуел го суди прилепчанецот Влатко Илиоски, со асистенти Владимир Митревски и Николче Дрнковски (Битола). Четврти судија е Кирил Смоквоски (Прилеп).

ВАР контролата е доверена на Бењамин Ќерими (Скопје), со Гоце Петрески (Скопје) како АВАР. Делегат е Марјан Пишмановски (Битола), контролор Дејан Јакимовски (Скопје), а Виктор Васев (Скопје) е оператор за снимка.

Во Гостивар, на Градскиот стадион, се среќаваат Арсими и Шкендија. Главен судија е Александар Грујоски од Кичево, со помошниците Куштрим Лика (Кичево) и Мартин Дејаноски (Скопје). Четврти судија е Александар Урошевиќ (Тетово). ВАР судија е Стојанче Стојанов (Штип), а Кристијан Џонов (Штип) е АВАР. Делегат е Тони Шалев (Кавадарци), контролор Џенан Хајдари (Скопје), а Деан Стефков (Скопје) е оператор за снимка.

Колото се затвора на 24. ноември на Националната Арена „Тодор Проески“ со дуелот меѓу Работнички и Струга Трим Лум. Овој натпревар го суди Фуркан Идризи од Тетово, со помошниците Александар Ѓорѓески (Тетово) и Филип Ицковски (Скопје). Четврти судија е Игор Стојчевски (Скопје). ВАР судија е Александар Грујоски (Кичево), а Вјолца Изеири (Гостивар) е АВАР. Делегат е Сулејман Ибиши (Тетово), контролор Сашо Лазаревски (Куманово), а Дејан Костовски (Скопје) е оператор за снимка.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!