Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вјолца Изеири ќе го суди големото дерби меѓу Скопје и Љуботен за кој да биде есенски шампион!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Утре на „фудбалската тврдина“ Пржино ќе се одигра големото дерби од 14. коло на Првата женска фудбалска лига – директна дерби пресметка на второпласираниот Скопје и лидерот и шампион Љуботен, дерби кое ќе одлучи кој да биде есенски шампион.

Правдата ќе ја дели Вјолца Изеири од Гостивар, е помошници ќе бидат Елена Соклевска Илиевски и Тамара Цветановиќ од Скопје.

Контролор на натпреварот ќе биде Петре Илиоски од Прилеп, а мечот ќе стартува во 14 часот.

Љуботен е на врвот од табелата со 37 бодови, а само бод помалку има Скопје односно 36 бодови. Реми или победа за Љуботен бранителот на титулата ќе биде есенски шампион, а пак победа за Скопје ќе значи дека тимот ќе биде есенски шампион, додека пак бранителот на титулата ќе биде втор за време на зимската пауза.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбраната на титулата ја започнува против Јувентус Серава, дерби на Форца и Шкупи

Денес во Фудбалската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона 2026/2027 во Првата футсал лига, со што се познати двојките за...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Втората женска лига со осум екипи: Билјанини Извори гостува во Радовиш, дебитантски дуел на Башкими и Менада

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе започне на 27 септември 2026 година, а во сезоната 2026/27 ќе настапат вкупно осум...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект одбраната на титулата ја започнува против Јувентус Серава, дерби на Форца и Шкупи

Денес во Фудбалската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона...

Прва лигаФудбал

Стафа: Одиме максимално мотивирано за да извлечеме позитивен резултат

Башкими го остави зад себе лошиот старт на сезоната и серијата од...

Прва лигаФудбал

Ацковски: Кратово е незгодно гостување, но веруваме дека можеме до позитивен резултат

Со триумфот над Шкендија на гостински терен, екипата на Тиквеш покажа дека...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!