Прва женска фудбалска лигаФудбал

Истатов со голема победа во Каменица – пресврт за затворање на есента, Тиверија Брера убедлива, Ас Јунајтед сигурен во Битола

Сподели
ФОТО: Победничка фотографија на ЖФК Истатов
Сподели

Екипата на Истатов ја оствари највредната победа во 14. коло од Првата женска фудбалска лига, совладувајќи ја Каменица Саса со 1:2 на гостински терен. Тимот на Кирил Изов со овој триумф ја затвора 2025 година и стигнува до својот осми сезонски успех.

Трите погодоци беа постигнати уште во првиот дел. „Рударките“ поведоа во 22. минута преку капитенот Ана Димитровска (1:0), но водството траеше само три минути — Кристина Петрушевска израмни на 1:1. Пресвртот беше комплетиран во 33. минута кога капитенот Радица Чонева ја совлада Симона Тринкова за конечни 1:2. Во второто полувреме мрежите мируваа, а Истатов рутински ја задржа предноста.

  • Тиверија Брера пресилна на домашен терен

Тиверија Брера без потешкотии ја совлада Речица со убедливи 4:0, резултат со кој струмичкиот тим го потврди третото место пред зимската пауза.

Голеадата започна во 13. минута со голот на младиот талент Теона Галабовска, а по само седум минути искусната Данче Карпузовска зголеми на 2:0. До паузата Тиверија Брера стигна и до трет погодок преку Стефанија Божинова (28’), а во вториот дел Карпузовска со својот втор гол ја заокружи убедливата победа.

  • Ас Јунајтед сигурен во Битола

Во Битола, Ас Јунајтед без проблеми славеше над Топ Гол со 1:3 на теренот „Павел Шатев“. Гостинките од Струга уште во првиот дел го скршија отпората на домаќинот — Јована Павловска погоди во 17. минута, а Ихдина Речи во 41. минута зголеми на 0:2.


Во второто полувреме Топ Гол накратко се врати во игра со голот на Тамара Давчева во 76. минута (1:2), но само седум минути подоцна Теодора Далческа ја затресе мрежата на Натали Талевска и го постави конечниот резултат – 1:3.

ФОТО: Спортска Мрежа
  • Следува дербито за есенската титула

Утре во Пржино се игра големото дерби меѓу Скопје и Љуботен, кое ќе го даде есенскиот шампион. Есенската полусезона ќе биде затворена во недела со дуелот на дното меѓу Кочани и Вардар, меч во кој трите бода се од огромно значење за опстанок.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

Втора лигаФудбал

Крсте Крстев поднесе неотповиклива оставка, Осогово останува без тренер по седум кола

Крсте Крстев повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Осогово....

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше...

Трета лигаФудбал

Дрита „испука петарда“, три бода за Вардар Брвеница, Љуботен со минимален пораз

Убедлива победа од 1:5 забележа Дрита над Скендербег од 5. коло на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!