Кошарка

Струмица ФМП со прв сезонски пораз откако загуби во Штип во дербито со Соколи

Сподели
Сподели

Екипата на Соколи 1933 го доби дербито на 5. коло во групата „Б“, совладувајќи ја досега непоразената Струмица ФМП со 65:58 во салата „Јордан Мијалков“ во Штип. Мечот носеше тежина на вистинско дерби — силен интензитет, цврсти одбрани и многу тактичка борба.

По израмнетата прва четвртина (17:17), штипјани ја презедоа контролата и до крајот на третата ја изградија клучната предност (46:37). Хамилтон повторно беше извонреден и со 19 поени ја водеше екипата, а значајна поддршка дадоа Митевски и Х. Тодоровски (по 11), како и А. Тодоровски (10). Кај гостите најдобри беа Јовановиќ со 16 и Александровски со 12 поени.

Со овој триумф, Соколи му го нанесоа првиот сезонски пораз на Струмица ФМП и се израмнија со нив на табелата.

Борец Баскет на домашен терен стигна до триумф откако го совлада скопски Бутел со резултат од 93:83 пред својата верна публика. Велешани одиграа ефикасен меч и со врвната партија на двоецот Елис – Штерјов, кои заедно постигнаа 50 поени, го совладаа Бутел. Тие добија силна поддршка и од Карталовиќ, Сапроновски и Трпески (сите по 10 поени). Кај Бутел се истакна младиот Киров со дури 30 поени, но недоволно за избегнување на поразот.

Спортисимо ја продолжува серијата лоши резултати откако го загуби дербити од дното од екипата на Струмица Ролинг со резултат од 76:83. Струмица Ролинг го запиша првиот сезонски триумф и тоа како гостин во Кавадарци. Пресудна беше втората четвртина кога го презедоа водството (41:35). Мицев блесна со 35 поени, а Георгиев додаде 10. Кај Спортисимо најдобри беа Вељковиќ и Митков со по 22 поени.


ТАБЕЛИ – 5. КОЛО

  • ГРУПА „А“

Мега баскет 5 4-1 443:390 (9)

Вардар 4 4-0 347:282 (8)

Охрид 5 3-2 408:400 (8)

Црн Дрим 4 2-2 333:307 (6)

Тетекс ТТК 4 1-3 300:332 (5)

Водно Санс 4 1-3 313:345 (5)

Младинец 4 0-4 290:383 (4)

Следно коло (22.11)

Охрид – Тетекс ТТК

Водно санс – Црн Дрим

Вардар – Младинец

Мега баскет – слободен


  • ГРУПА „Б“

Струмица ФМП 5 4-1 429:278 (9)

Соколи 1933 5 4-1 453:391 (9)

Бутел 4 3-1 344:323 (7)

Борец баскет 4 2-2 300:316 (6)

Струмица Ролинг 4 1-3 268:342 (5)

Овче Поле 3 1-2 274:249 (4)

Спортисимо 4 0-4 253:387 (4)

Следно коло (22.11)

Бутел – Струмица ФМП

Борец баскет – Спортисимо

Струмица Ролинг – Овче Поле

Соколи 1933 – слободен


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Флорент Османи го засили третолигашот БВК Коњаре

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета лига Регион 1, откако го промовираше и Флорент Османи како ново...

Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Метин Ќерими

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а како прво засилување е претставен Метин Ќерими, кој доаѓа од редовите...

Поврзани написи
Кошарка

Најдобриот тренер во Супер лигата седнува на клупата на КК Кожуф

Кошаркарскиот клуб Кожуф од Гевгелија го назначи Миодраг Тодоровиќ за нов шеф...

Кошарка

Ново издание на ФИБА развојниот кошаркарски камп во Негорски Бањи – 60 млади таленти на заеднички тренинзи

Во Негорски Бањи денеска започнува новото издание на развојниот кошаркарски камп, кој...

Кошарка

Петар Денковски дел од годишната Клиника за европски ФИБА инструктори во Самоков

Нашиот национален ФИБА инструктор, Петар Денковски, учествуваше на годишната Клиника за европски...

Кошарка

Хорхе Гарбахоса: Драго ми е што Македонската кошаркарска федерација е повторно на вистинскиот пат

Претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса, престојуваше во Скопје по повод одржувањето...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!