Останато

Каратистот Марко Џорлев државен првак и патник на Европското првенство во Кипар!

Сподели
Сподели

Младиот и талентиран каратист Марко Џорлев од Штип оствари фантастичен успех на Државното првенство за кадети, јуниори и U21, кое викендот се одржа во Скопје. Во категоријата кадети -63 кг, Џорлев блескаше со доминантни настапи и заслужено го освои златниот медал, без ниту еден пораз.

Бидејќи турнирот воедно беше и изборен за Европското првенство во Кипар, Марко мораше да настапи и во плeј-оф борбите, каде повторно беше максимално успешен. Вкупно забележа шест победи од шест мечеви, покажувајќи зрелост, дисциплина и квалитет што го издвојуваат како еден од најперспективните млади каратисти во Македонија.

Со овој импресивен настап, Марко Џорлев официјално се квалификува за Европското првенство, каде што ќе ја претставува Македонија во кадетска конкуренција.

Џорлев по четврти пат е државен првак на Македонија, претходно трипати беше во конкуренција на пионери, а сега по прва како кадет.

Тој, сега стана член на кадетската карате репрезентација на Македонија и за првпат ќе учествува на Европското првенство кое ќе се одржува во Кипар во месец февруари.

Како што вели Марко Џорлев, кој е член на карате клубот Штип, за Спортска Мрежа, подготовките за ЕП започнуваат веднаш.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) МОК ја продлабочува соработката со Светската е-спорт федерација: Е-спортот и олимпизмот се новата реалност

Македонскиот олимписки комитет оствари работна средба со висока делегација на Светската е-спорт...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА...

Останато

Сребро за Душица Бресалиева на Multi European games G1 2026

Македонската таеквондистка Душица Бресалиева освои сребрен медал на Multi European Games G1...

Останато

Алексеј Стојановски триумфираше на турнирот „Тумба“ во Куманово

Изминативе денови на терените на ТК „Тумба“ во Куманово се одржа турнир...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!