Прва женска фудбалска лигаФудбал

Нема суштински промени: Љуботен непоразена на врвот, Скопје прави притисок – густо и неизвесно за опстанок!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Не донесе суштински промени 13-то коло во Првата женска фудбалска лига, освен тоа што станува густо од шестото до третото место бидејќи само еден бод е разликата.

На врвот  е Љуботен, шампионот е единствениот непоразен тим со 37 бодови на своето конто, а бод помалку има Скопје, единствен тим со реални шанси да го симне од тронот тетовскиот тим. Каменица Саса и Тиверија Брера го делат третото место со по 24 бодови, додека пак Истатов и Ас Јунајтед го делат петтото место со по 23 бодови.

Веднаш голема бодовна разлика од долниот дел на табелата или од четирите екипи кои ќе се борат за опстанок. Речица е на седмата позиција со десет бодови и овој тим е два чекори пред конкурентите за директен опстанок. Дебитантот Вардар е осми со пет бодови или над бараж зоната за опстанок, додека пак Топ Гол и Кочани имаат по четири бодови, со тоа што битолскиот тим е на деветтото место или во бараж зоната, а пак повратникот во елитата, екипата на Кочани е на дното или во зоната за директно испаѓање.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК ЉУБОТЕН 13 12 1 0 61 6 +55 37
2 ЖФК СКОПЈЕ 2014 13 12 0 1 38 5 +33 36
3 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 13 8 0 5 39 12 +27 24
4 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 13 8 0 5 23 17 +6 24
5 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје 13 7 2 4 34 16 +18 23
6 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК 13 7 2 4 32 17 +15 23
7 ЖФК РЕЧИЦА 13 3 1 9 19 41 -22 10
8 ЖФК Вардар 2023 13 1 2 10 5 58 -53 5
9 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 13 1 1 11 8 29 -21 4
10 ЖФК КОЧАНИ 13 1 1 11 7 65 -58 4

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Дејан Михајловиќ останува верен на Бутел Скопје – кружниот напаѓач потпиша до 2028 година

Ракометниот клуб Бутел Скопје продолжува со создавањето на ростерот за наредните сезони, а една од најважните задачи беше успешно завршена. Кружниот напаѓач Дејан...

Ракомет

Младоста продолжува да се засилува: Мартин Иванов ново десно крило за богданчани

Новиот суперлигаш РК Младост 1977 од Богданци продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона, а најново име во редовите на клубот е...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Флорент Османи го засили третолигашот БВК Коњаре

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета...

Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Метин Ќерими

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а...

Трета лигаФудбал

Ржаничино го гради „дрим-тимот“: Богдановски, Мицевски и Здравковски предводници на високите амбиции

Третолигашот Ржаничино сериозно ги најавува своите амбиции за претстојната сезона во Третата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!