Трета лигаФудбал

Победа Валандово непоразен лидер – Костадинов за триумф, Овче Поле убедлив во дербито со Хоризонт Турново, седмица во Пробиштип!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Трите бодови остануваат во Валандово – Победа продолжува како непоразен лидер на Истокот, откако благодарение на голот на Никола Костадинов, постигнат во 67. минута, славеше со минимални 1:0 во рамки на 10. коло во Трета лига – Исток.

Верните „калинкари“ одново имаа свое шоу – секогаш силна поддршка за својата победа од трибините, а на крајот заедно ја прославија минималната, но голема победа за нивниот миленик.

Со овој триумф екипата на Победа Валандово на едно коло до крајот на полусезоната е есенски шампион на Истокот.

Во Зрновци – поделба на бодовите. Екипата на Светлост никако да стигне до победа, но овојпат барем извлече бод во дуелот со Малеш, откако двете екипи одиграа 1:1. Гостите од Берово поведоа на полувреме со голот на Матеј Левков, а во вториот дел Илија Шуманов погоди за конечни 1:1.

„Петарда“ во Пирава – Ударник ја декласираше Тиверија со убедливи 5:1 пред својата верна публика. Двојни стрелци беа Илија Баламов и Крсте Тодоров, а еден гол додаде Лазе Грбашлиев. За гостите од Струмица единствен стрелец беше Никола Стојанов, кој погоди во 58. минута.

Катастрофа за Дојранско Езеро – екипата се „распадна“ во Пробиштип, доживејќи тежок пораз од 7:0 против Рудар. Домаќините од самиот почеток го отворија торпедирањето кон голот на гостите, а победата беше најавена уште со високото водство на полувреме.
Двапати погоди Никола Илиевски, а по еден гол запишаа Бошко Ступиќ, Тихи Василевски, Давид Манев, Борјан Славевски и Матеј Трајчев.

Во Свети Николе – ништо од дербито. Овче Поле убедливо го совлада екс-прволигашот Хоризонт Турново со 5:1. Два гола постигна Тоше Манов, двапати стрелаше и Емил Рунчевски, а еден гол додаде Ѓорѓи Султанов. За гостите единствен стрелец беше Димче Јовов, кој погоди во 80. минута.

Во рамки на десеттата рунда слободна беше екипата на Брегалница Делчево.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД Форма
1 ФК ПОБЕДА Валандово 9 8 1 0 31 7 +24 25 ➖
2 ФК УДАРНИК 9 7 1 1 26 10 +16 22 ➖
3 ЗС ОВЧЕ ПОЛЕ 9 6 1 2 26 12 +14 19 ➖
4 ФК ХОРИЗОНТ ТУРНОВО АД 9 4 4 1 30 21 +9 16 ➖
5 ФК КАРБИНЦИ 9 3 4 2 13 10 +3 13 ➖
6 ФК Брегалница 1926 9 3 3 3 13 13 0 12 ➖
7 ФК РУДАР 1947 Пробиштип 9 3 2 4 12 11 +1 11 ➖
8 ФК ТИВЕРИЈА 9 2 1 6 10 23 -13 7 ➖
9 ОФК МАЛЕШ 9 1 2 6 10 26 -16 5 ➖
10 ФК СВЕТЛОСТ ЗРНОВЦИ 9 0 4 5 9 23 -14 4 ➖
11 ФК ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО 10 1 1 8 10 34 -24 4 ➖

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември, на Европското првенство во Скопје. Неговиот дуел со Санјин Алихоџиќ од...

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!