Ракомет

„Нашиот дом е тешко освоив за сите ривали“ – Хаидарирад подготвен за мечот со Сегед

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

По враќањето од повреда, голманот Саид Хаидарирад е целосно подготвен за дуелот против ПИК Сегед.

Во пресрет на мечот, тој истакна дека медицинскиот тим завршил одлична работа и дека е подготвен да ја даде својата поддршка за успехот на тимот.

„Се вратив бргу, најмногу благодарение на медицинскиот тим, кој заврши одлична работа. Повредата е во минатото, сега се фокусираме на мечот со Пик Сегед. Очекувам добар резултат и со голем оптимизам го очекуваме дуелот. На сите противници им е тешко во пеколната атмосфера пред нашите гледачи. Нашиот дом е тешко освоив за сите ривали, а тоа ќе го докажеме и на следниот натпревар против Сегед. Мислам дека сме на добар пат, одлично тренираме, тимот е расположен и се наоѓа во позитивен моментум. Не го гледав дербито во Унгарија помеѓу Веспрем и ПИК Сегед затоа што и ние игравме во истиот термин, но од тоа што чув, следниот ривал прикажал извонредна игра. Таму има многу добри и искусни ракометари, затоа мора да сме свесни дека овој меч ќе биде исклучително тежок за нас.“- изјави голманот на Еурофарм.

Саид Хаидарирад е подготвен и мотивиран, а неговото враќање во тимот го зајакнува битолскиот состав пред дуелот со ПИК Сегед, каде што домашната атмосфера ќе биде дополнителен „осми играч“ за тимот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Ржаничино го гради „дрим-тимот“: Богдановски, Мицевски и Здравковски предводници на високите амбиции

Третолигашот Ржаничино сериозно ги најавува своите амбиции за претстојната сезона во Третата лига, а раководството на клубот веќе започна со формирање на тим...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Радовишкиот бисер Валентино Васев чекори кон големите фудбалски сцени: По Левски Софија следува и Црвена Звезда

Младиот фудбалер Валентино Васев од Радовиш, роден 2017 година, продолжува да го привлекува вниманието со својот талент и љубов кон фудбалот. Младиот фудбалер...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!