Третото коло во Втората футсал лига донесе голем број на погодоци на сите натпревари, кои натпревари на момент наликуваа на ракомет отколку на футсал.
Интересно беше во Брвеница каде беа постигнати 16 погодоци, но немаше победник откако Партизан Југ и Кратово ги поделија бодовите играјќи 8:8.
За домаќинот Марко Стојковски постигна четири погодоци, а по еден гол постигнаа Даниел Јандриески, Тео Симњановски, Даниел Радески и Новаци Костадиноски, а пак за гостинот четири погодоци беа дело на Горан Арсовски, хет-трик запиша Ѓорѓи Ивановски, а еден гол постигна Давид Стојановски.
Ланскиот прволигаш Црна Река на домашен терен со убедливи 9:1 го декласираше тимот на ССК Скопје.
Петар Ристовски постигна фантастични пет погодоци, додека пак по еден гол постигнаа Ѓорѓи Стрезовски, Дарко Темелков, Никола Димов и Димитар Чоков.
За гостинскиот тим единствен стрелец беше Реџеп Бислим кој погоди во 29. минута.
СЕЕ Университи го декласираше битолски Конзули на домашен терен со убедливи 10:1. Хисен Мемеди постигна пет погодоци, до хет-трик дојде Самир Рамадани, а пак Гезим Азизи и Мухамед Амити погодија по еднаш. За гостинот Игор Скепаровски беше единствениот стрелец кој погоди во 31. минута.
Поранешниот шампион на Македонија, тимот на Железарец на домашен терен го декласираше тимот на Каршиака. Првиот дел донесе возбудувања бидејќи беше постигна еден гол, Мартин Калчев во 5. минута го отвори резултатот. Во вториот дел за домаќинот хет-трик имаше Дејан Кајсторовски, а по еден гол постигнаа Петре Даиловски, Валентино Трајковски и Мирко Богески.
За гостинот во 36. минута единствениот гол го постигна Џезаир Рамадани.
Карадаку немаше сили за дебитантот Фудбал Старс Аут Велт од Кочани, откако загуби на домашен терен со високи 3:10
За некогашниот прволигаш двапати погоди Шуајб Шукрија во вториот дел, а во првиот дел погоди Саљи Салии.
За гостинот од Кочани пет погодоци постигна Христијан Крстов, а пак Драган Трајчов постигна четири погодоци, а последниот гол во 39. минута беше дело на Ѓорги Зашев.