ФудбалФутсал

Кеги Моби победнички во Штип, Клими славеше на домашен терен над Јувентус Серава

Сподели
ФОТО: КФМ Проект
Сподели

Екипата на Кеги Моби има максимален учинок на стартот од новата сезона, откако во Штип во рамки на третото коло на Првата футсал лига го доби тимот на Мал Ајакс, кој е повратник во елитата со 2:5.

Ангел Гаштев со два гола и Димче Андов со еден гол беа стрелци за гостинот во првиот дел, а пак за домаќинот стрелаа Иса Дурмишов и Теодор Наков во првиот дел за 2:3 на полувреме.

Во вториот дел Петар Левков и Стефан Димовски ги поставија конечните 2:5.

Клими на домашен терен стигна до триумф од 8:6 над Јувентус Серава, а херој за домашните е Мартин Никовиќ со неговите три гола. Филип Грујоски имаше два погодоци, а по еден гол постигнаа Виктор Аризанов, Давид Крстески и Јован Лембовски.

За гостинската екипа хет-трик запиша Ќендрим Абази, Фестим Аџами беше двоен стрелец, а пак Омер Османи имаше еден гол.

Како што веќе објави Спортска Мрежа, шампионот Форца го декласираше Шкупи со 4:9, додека пак Проект го декласираше дебитантот Балкан, а вечерва во Крива Паланка се затвара третото коло со мечот меѓу Осогово и Бутел.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!