РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФОТО: Успешен тренинг на Шведска У21 во Црнобуки – гордост и фудбалски празник за битолското село

Сподели
Сподели

Фудбалската репрезентација на Шведска до 21 година денеска го одработи својот официјален тренинг на теренот во Црнобуки, подготвувајќи се за квалификацискиот дуел со Македонија кој ќе се одигра на 13 ноември на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Иако првично беше предвидено подготовките да се одржат во Големо Коњари, поради неповолни временски услови и влажност на теренот, Швеѓаните се решија за Црнобуки, каде што ги дочекаа одлични услови, уреден терен и топло добредојде од локалното население.

Тренингот помина во одлична атмосфера и без проблеми, а селекторот на шведската репрезентација изрази задоволство од условите и организацијата.

Голем број жители од селото и околината со интерес го следеа тренингот, создавајќи вистински спортски амбиент и момент кој долго ќе се памети.

Со тоа, Црнобуки уште еднаш ја потврди својата репутација како место кое живее за спортот и фудбалот, а успешната реализација на тренингот на младата шведска репрезентација претставува голема чест и гордост за целата битолска општина.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Ржаничино го гради „дрим-тимот“: Богдановски, Мицевски и Здравковски предводници на високите амбиции

Третолигашот Ржаничино сериозно ги најавува своите амбиции за претстојната сезона во Третата лига, а раководството на клубот веќе започна со формирање на тим...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Радовишкиот бисер Валентино Васев чекори кон големите фудбалски сцени: По Левски Софија следува и Црвена Звезда

Младиот фудбалер Валентино Васев од Радовиш, роден 2017 година, продолжува да го привлекува вниманието со својот талент и љубов кон фудбалот. Младиот фудбалер...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Ржаничино го гради „дрим-тимот“: Богдановски, Мицевски и Здравковски предводници на високите амбиции

Третолигашот Ржаничино сериозно ги најавува своите амбиции за претстојната сезона во Третата...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските младинци со силна завршница до победа над Бугарија во Стара Загора

Машката репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години продолжува со позитивни...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!