Прва лигаФудбал

Тиквеш го организира 25-тиот меморијал „Вуко Каров и тиквешките легенди 2025“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Прволигашот Тиквеш од Кавадарци го најавува одржувањето на 25-тото издание на традиционалниот Меморијален турнир „Вуко Каров и Тиквешките легенди 2025“, кој ќе се одигра во четврток, на 13 ноември 2025 година, на Градскиот стадион во Кавадарци, со почеток во 11:30 часот.

Овој турнир претставува длабоко вкоренета спортска традиција во Кавадарци, на која се оддава почит на легендарниот Вуко Каров и на сите фудбалери кои оставиле белег во историјата на тиквешкиот фудбал. Овојпат, учество ќе земат три добро познати екипи – домаќинот ГФК Тиквеш 1930, ФК Тетекс 1953 од Тетово и ГФК Вардар Неготино.

Организаторите најавуваат вистински фудбалски спектакл и пријателска атмосфера исполнета со спортски дух, традиција и спомени на генерации фудбалери кои ја граделе историјата на Тиквеш.

„Ги покануваме сите љубители на фудбалот да присуствуваат и заедно да ја проследиме оваа убава традиција. Ве очекуваме на Градскиот стадион Тиквеш во Кавадарци“, порачуваат од ГФК Тиквеш 1930 АД.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав на екипи, а во шампионатот ќе се натпреваруваат осум екипи, ексклузивно...

Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев со пресврт до второто коло на Европското првенство за јуниори

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев со голема борба и пресврт успеа да обезбеди пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери...

Поврзани написи
Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!