РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

Серафимов: Главниот фокус е Велс, но мечот со Летонија е важна проверка

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација ја започна ноемвриската репрезентативна акција со официјалната прозивка што се одржа во хотел „Хилтон“ во Скопје. Овој собир претставува вовед во двата последни натпревари за 2025 година — пријателскиот меч против Летонија на 13 ноември во Скопје и завршниот квалификациски дуел за Светското првенство против Велс на 18 ноември во Кардиф.

Дефанзивецот Никола Серафимов по прозивката истакна дека најважно за тимот е да се задржи победничкиот менталитет и тимскиот дух кој селекцијата го гради во последните натпревари. Тој истакна дека:

„Пред сè, се надевам дека по натпреварот со Летонија сите играчи ќе бидат здрави, затоа што она што е најважно за нас во овој момент е, секако, натпреварот со Велс. Не очекувам дека стручниот штаб ќе ги „отвори картите“ на тој натпревар, ниту пак дека ќе се подготвуваат некакви тактички варијанти за мечот со Велс, токму поради таа причина, бидејќи тој натпревар е поважен. Сепак, мислам дека со победа против Летонија би влегле во дуелот со Велс во добра, победничка атмосфера, што важно во овој момент.

Мечот со Летонија ќе биде одлична проверка за нас. Потоа следува најважниот натпревар во овие квалификации против репрезентацијата на Велс. Тоа ќе биде многу тежок натпревар, сличен на оној што го одигравме тука, во Скопје. Ќе дадеме сè од себе за да ја израдуваме Македонија и да стигнеме до позитивен резултат. Кога играте против репрезентации од светска класа, најголемиот товар за време на натпреварот секогаш паѓа на одбраната. Но, многупати сум кажал дека нашата одбрана започнува од нашиот најистурен играч. Така ќе биде и овој пат и се надевам дека ќе успееме да го издржиме нивниот притисок.

Мислам дека низ овие квалификации покажавме дека нашиот пристап, без разлика на противникот, е секогаш на високо ниво. На секој натпревар одиме по позитивен резултат и така ќе биде и против Велс. Ние самите се доведовме во оваа ситуација, благодарение на нашите игри и резултати. Сметам дека очекувањата на јавноста пораснаа и тоа е добро. Но, од друга страна, сето тоа мора да го потврдиме и на терен, на секој следен натпревар. Притисокот секогаш постои кога играме за Македонија, но покажавме дека знаеме да се носиме со него“.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!