Останато

Две бронзи за Македонија од пионерското Европско првенство во таеквондо во Атина

Сподели
ФОТО: Македонска таеквондо федерација
Сподели

Нашите млади таеквондисти покажаа одлична форма на пионерското европско првенство во Атина, Грција, освојувајќи два бронзени медали.

Бронзен медал во категоријата пионери машки до 36 кг освои Давид Петковски. Тој имаше импресивни настапи во текот на турнирот:

  1. Давид Петковски – Константинос Толис (Грција) 2-1
  2. Давид Петковски – Бохдан Лимаренко (Полска) 2-0
  3. Давид Петковски – Димитиос Флоудас (Грција) 2-0
  4. Давид Петковски – Ѓоргос Роидис (Грција) 2-0

Во полуфиналето, Давид загуби од Умуд Шабазов од Азербејџан со 0-2, но неговото настапување беше големо достигнување за македонското таеквондо.

Бронзен медал освои и Бојана Велковска во категоријата пионери. Таа во полуфиналето загуби со 2-1 во рунди од натпреварувачка која стана европски првак. Првата рунда ја доби убедливо, додека следните две ги загуби за нијанса, прикажувајќи одлична борбена форма и голема борбеност.

Македонските млади спортски надежи продолжуваат да го носат името на земјата на меѓународната сцена со силни и заслужени резултати.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

Лазаров пресече: Објавен поширокиот список за дуелот со Словачка

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го соопшти поширокиот список на ракометари на кои ќе смета за претстојниот бараж дуел со...

Младински фудбалФудбал

Дисциплинска одлука: ГФК Тиквеш -3 бода и 1.000 евра поради лажни легитимации, казна и за Димитриев

Дисциплинската комисија на денешната седница донесе одлука поврзана со натпреварот меѓу ФК Скопје и ГФК Тиквеш 1930, одигран во рамките на 23. коло...

Поврзани написи
Останато

Фит Фан Волеј ќе игра во Првата лига и следната сезона

Одбојкарките на Фит Фан Волеј и следната сезона ќе бидат дел од...

Останато

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација успеа да стигне до три четвртфинални борби за медал на Европското првенство на Крит, Грција

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација имаше забележителен настап на Европското Таеквон-до ИТФ првенство...

Останато

17-годишниот Валентино Јовановски со подвиг во Штип: истрча 5 км со панцир

Младиот спортист од Кратово, Валентино Јовановски, на само 17 години направи вистински...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!