Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ е незапирлив, Богдановски постигна пет гола за убедлива победа над Аеродром, БВК Коњаре слави над Куманово

Сподели
ФОТО: Еуромилк ГЛ
Сподели

Денес беа одиграни натпреварите од 11. коло во Третата македонска фудбалска лига – Север. Традиционално за овој регион, повторно се постигнаа многу голови, а погодоци имаше на сите натпревари.

Беса од Сарај запиша сигурна победа со 0-3 на гостувањето кај Отља. Еркан Хајрули и Љавдрин Палику беа стрелци во првиот дел, а во финишот Ељмедин Бахтијаровски го постави конечниот резултат.

Башкими Љуботен и Кадино ги поделија бодовите – 1-1. Никола Миновски погоди за водство на екс второлигашот Кадино, а во самиот финиш Елмидин Арифи израмни за домаќините.

Лопати немаше сили за изненадување против фаворитот Фортуна, која славеше убедливо со 2-5. За домашните погодија Мухарем Исени и Шенур Незири, додека за гостите стрелци беа Шаќир Мемеди, Алтин Сефо, Абдула Јашари и Фисник Синани, а пак Ардијан Сулимани си постигна автогол.

Најубедлив триумф запиша Аеродром, кој со високи 9-3 славеше на гостувањето кај Студечани. Стефан Богдановски постигна пет погодоци, Мартин Ацевски хет-трик, а автогол си постигна Шујаб Халили. За гостите, стрелци беа Сабри Алиу, Фејзула Шабани и Хамза Кадриу.

Во дербито на колото, БВК Коњаре го доби Куманово, вистински трилер со два пресврта и победа на домаќините со 3-2. Исмаил Абдуловски го отвори резултатот во 6. минута, потоа Куманово направи пресврт со головите на Гезим Бакиевски и Никола Стевчевски на стартот од вториот дел, но БВК Коњаре возврати преку Илмир Алији (79’) и Руфат Чалафи (90+5’) за голема победа.


Непоразениот лидер Еуромилк ГЛ на домашен терен славеше со 3-1 над Беса Слупчане. Јовица Радевски и Павел Николовски обезбедија предност од 2-0 на полувреме, а Фати Јусуфи во продолжението зголеми на 3-0. Почесниот погодок за гостите го постигна Фаредин Демири во 89. минута.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа, вчера Ржаничино со 3-0 славеше над Пчиња. Деталниот извештај од тој меч го имате тука.


Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ЕУРОМИЛК ГЛ АД 11 10 1 0 49 14 +35 31
2 ФК Аеродром 2018 11 7 3 1 32 16 +16 24
3 ФК ФОРТУНА 1975 11 7 2 2 26 12 +14 23
4 ФК БВК КОЊАРЕ 10 7 2 1 30 17 +13 23
5 ФК ПЧИЊА 2015 11 6 3 2 32 12 +20 21
6 ЗГ ФК КУМАНОВО 10 6 2 2 24 12 +12 20
7 ФК РЖАНИЧИНО 11 5 3 3 31 17 +14 18
8 ФК БЕСА – Скопје 10 3 2 5 15 21 -6 11
9 ФК БЕСА с.Слупчане 11 3 1 7 20 33 -13 10
10 ФК БАШКИМИ ЉУБОТЕН 11 2 2 7 22 35 -13 8
11 ФК ЛОПАТИ 97 10 2 1 7 13 27 -14 7
12 ФК Студеничан 10 1 3 6 11 28 -17 6
13 ФК КАДИНО 11 1 2 8 11 42 -31 5
14 ФК ОТЉА 10 0 1 9 9 39 -30 1

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Останато

(ФОТО) МОК ја продлабочува соработката со Светската е-спорт федерација: Е-спортот и олимпизмот се новата реалност

Македонскиот олимписки комитет оствари работна средба со висока делегација на Светската е-спорт федерација (IESF), предводена од претседателот Влад Маринеску, на која беа разгледани...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера пристигна во Андора, одработен последниот тренинг пред утрешниот меч во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!