Втора лигаФудбал

Стојанов: Во Штип дојдовме по победа, успеавме во тоа, но не сум задоволен од играта, мојот тим може многу повеќе!

Сподели
Сподели

Беласица го доби дербито на Истокот против Брегалница, откако славеше со минимални 0:1 среде Штип, благодарение на голот на Костадин Капсаров.

Овој триумф е многу важен за Беласица која продолжува да напаѓа за искачување на првото место на табелата во Втората лига.

Тренерот на Беласица, Панче Стојанов, во ексклузивна изјава за Спортска Мрежа истакна дека тие во Штип допатувале по победа и успеале во својата цел, но за Спортска Мрежа, Стојанов истакна дека не е задоволен од играта, бидејќи како што вели неговиот тим може многу повеќе.

„Задоволни сме од резултатот сигурно, дојдовме да победиме и во тоа успеавме. Инаку, гледајќи ја играта не сум задоволен, сигурно е дека мојата екипа може многу повеќе. Но, најважно од се е тоа што овие дерби натпревари не се играат туку се добиваат. Излеговме со една цел, да го добиеме натпреварот имавме и среќа при промашениот пенал на противникот, а на крајот не посака среќа и дадовме еден гол и го добивме натпреварот. Ќе кажам уште еднаш од играта не сум задоволен, има доста работи што треба да се поправат, но на крај штом победуваше тоа е одлично“, вели тренерот на Беласица, Панче Стојанов во изјава за Спортска Мрежа.

Беласица сега е на 4. место на табелата со 25 бодови, седум помалку од лидерот Шкендија Арачиново. Во следното коло Беласица дома ќе игра против Новаци, а пак Брегалница ја очекува дерби кај лидерот Шкендија Арачиново.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!