Прва лигаФудбал

Ване Крстевски со сериозна повреда: Есенската полусезона е завршена за фудбалерот на Шкендија!

Сподели
ФОТО: KF Shkëndija
Сподели

Фудбалерите на Шкендија добија непријатни вести пред важниот дуел со полската Јагјелонија во Конференциската лига.
Еден од клучните играчи во офанзивата, Ване Крстевски, заработи фрактура на клучната коска со дислокација – сериозна повреда која ќе бара хируршка интервенција и подолг период на опоравување.

Со тоа, есенската полусезона за Крстевски е завршена, а неговото враќање на терен ќе зависи од текот на операцијата и процесот на рехабилитација.

Од тетовскиот клуб информираат дека тимот веќе работи на адаптација на напаѓачката линија, а воедно пристигнуваат и нешто подобри вести од медицинскиот билтен. Имено, голманот Астрит Амзаи по проблемите со грбот повторно почна со лесни тренинзи под надзор на медицинскиот персонал. Тој се очекува да ја добие конечната проценка за настап по утрешниот тренинг, кога ќе биде познато дали ќе биде подготвен за натпреварување.

Иако тимот од Тетово ќе биде ослабен без Крстевски, атмосферата во редовите на шампионот останува борбена и насочена кон тоа да се заврши полусезоната со позитивен резултат и достоинствен настап на европската сцена.

Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А, а тимот од Бергамо ја запиша првата гостинска победа во првенството...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Мојата прва цел е да создадеме позитивна атмосфера и тим во кој секоја кошаркарка ќе знае дека има своја улога и одговорност

Виктор Петровски е новиот селектор на женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, откако ја доби довербата од раководството на Кошаркарската федерација. Новиот предводник...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!