ИнтернационалциФудбал

Голема трагедија: Почина Младен Жижовиќ, поранешен тренер на Шкупи

Сподели
ФОТО: FK Radnički 1923 Kragujevac
Сподели

Фудбалот на Балканот е во жалост по ненадејната смрт на Младен Жижовиќ, поранешен тренер на Шкупи и еден од најперспективните млади стручњаци во регионот. Трагедијата се случи за време на натпревар од српскиот шампионат, кога му се слоши додека го водеше својот тим Раднички Крагуевац.

Несреќата се случила во текот на првото полувреме од натпреварот против Младост Лучани, кога 45-годишниот тренер се почувствувал лошо покрај клупата. Медицинскиот тим веднаш интервенирал, а Жижовиќ бил пренесен во болница со возило на Брзата помош. За жал, по неколку минути пристигнала најтешката можна вест – не успеал да преживее.

Трагичниот момент ги потресе сите присутни на стадионот – фудбалерите, тренерите и навивачите. Натпреварот веднаш бил прекинат, а играчите на двата тима, очигледно потресени, го напуштија теренот.

Младен Жижовиќ беше роден во 1980 година и имаше богата играчка и тренерска кариера. Како фудбалер настапуваше за неколку клубови низ регионот, а по завршувањето на кариерата се посвети на тренерската професија.

Во Македонија остави силен впечаток како предводник на ФК Шкупи, со кој во сезоната 2023/24 оствари значајни резултати и беше ценет по својата дисциплина, енергија и фудбалска визија.


Во Босна и Херцеговина го водеше Борац Бања Лука, клуб со кој обезбеди пласман во европските квалификации, а во својот стручен пат имаше чест да соработува со неколку македонски фудбалери – меѓу нив и Дамјан Шишковски и Бобан Николов.

Жижовиќ зад себе остави голема празнина во фудбалската заедница, како човек кој со својата работа и карактер стекна почит кај сите што го познаваа.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!