ИнтернационалциФудбал

(ВИДЕО) Шок и тага на теренот: Фудбалерите во неверување по смртта на тренерот Младен Жижовиќ

Сподели
ФОТО: Принскрин
Сподели

Фудбалска трагедија ја потресе Србија и регионот. За време на натпреварот од Суперлигата помеѓу Младост Лучани и Раднички Крагуевац, животот го загуби Младен Жижовиќ, тренерот на Раднички и поранешен стратег на Шкупи.

Несреќата се случи во 22. минута од натпреварот, кога 44-годишниот босански стручњак се сруши покрај клупата. Медицинските екипи веднаш реагираа и со возило на брзата помош го пренесоа во најблиската болница. Но, и покрај сите обиди на лекарите, Жижовиќ не успеа да преживее – инфарктот бил кобен.

Во моментот кога судијата доби потврда за трагичната вест, натпреварот беше веднаш прекинат. На стадионот завладеа молк и неверување. Фудбалерите на двата тима беа видно потресени – дел од нив со солзи во очите, дел не можеа да поверуваат во тоа што се случува.

Посебно емотивни сцени доаѓаа од клупата на Раднички, каде што македонскиот репрезентативец Лука Станковски беше сведок на настанот. Со рацете на лицето, во неверување и тага, Станковски и соиграчите долго останаа на теренот, обвиени во шок и тишина.

Жижовиќ ја презеде клупата на Раднички само пред десетина дена и успеа да внесе нова енергија и мотив кај екипата. Претходно го водеше Борац Бања Лука, каде што соработуваше со македонските интернационалци Дамјан Шишковски и Бобан Николов, а беше и тренер на Шкупи, Зрињски, Радник Бијељина, Слобода Тузла и Ал-Холуд од Саудиска Арабија.

Неговата смрт предизвика лавина од реакции низ целиот регион. Клубови, играчи и навивачи изразија сочувство за човекот кој остави белег со својата работа, посветеност и човечност.

Фудбалот во Лучани вечерва застана во место, затоа што животот го изгуби човек кој живееше токму за фудбалот.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

ФудбалФутсал

Проект одбраната на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!