ФудбалФутсал

Кратово загуби од Железарец во меч со 13 гола, дебакл на Овче Поле!

Сподели
Сподели

Во Пробиштип беа постигнати 13 погодоци, а тимот на Железарец со 6:7 го доби Кратово во меч од 2. коло на Втората футсал лига.

Ланскиот прволигаш имаше одлично прво полувреме и водство од 1:4, а во вториот дел Кратово се обиде да ја анулира разликата, но не успеа, па мораше да се соочи со пораз од 6:7.

За домашниот тим двоен стрелец беше Бобан Начковски, а по еден гол постигнаа Димитар Стојановски, Горан Арсовски, Валентино Јовановски и Давид Стојановски.

За гостинскиот тим хет-трик постигна Петре Даиловски, а по еден гол постигнаа Дејан Кајсторовски, Мартин Калчев, Дарко Начевски и Валентино Трајковски.

Екипата на Овче Поле која лани водеше битка за враќање во Првата лига, доживеа тежок пораз од 8:1 од екипата на ССК Скопје.

За домашниот тим стрелци во убедливата победа беа Несим Сулејман и Бранко Ѓуровски со по два погодоци, а по еден гол постигнаа Реџеп Бислим, Борјан Цветановски, Дамјан Ѓуровски и Бојан Димковски.

За гостинскиот тим од Свети Николе единствен стрелец беше Павел Смиљков, кој погоди во 13. минута.

Каршиака преку пресврт со 4:3 славеше над СЕЕ Университи и така стигна до трите бода. Гостинот имаше два гола предност преку Едис Муртазани и Самир Рамадани погодија за 0:2, а во 19. минута гол постигна Сеад Јакупи за 1:2 на полувреме.

Во вториот дел следуваше комплетен пресврт откако Каршиака преку Садам Куртиши и Енис Ибраими веќе во 31. минута имапе 3:2. Гостинот израмни на 3:3 преку Меритон Халими во 35. минута, но по две минути Кани Ќани постигна гол за конечни 4:3.


Вечерва во Ресен се одигра натпреварот меѓу Конзули од Битола и Црна Река, меч кој заврши без победник со конечни 2:2.

Домашниот тим преку Виктор Гелевски го отвори резултатот и имаше предност од 1:0, а во 15. минута гостинот израмни на 1:1 преку Димитар Чоков, а со овој резултат се замина на полувреме.

Во вториот дел ланскиот прволигаш од Кавадарци направи комплетен пресврт преку Горан Соколов за водство од 1:2 во 25. минута, но по две минути Аднан Агушевски погоди за конечни 2:2.

Во 37. минута од мечот Миле Димов од тимот на Црна Река заработи директен црвен картон.

Колото ќе се комплетира со мечот во Кочани меѓу Фудбал Старс Ауто Велт и тимот на Партизан Југ од Брвеница, меч кој се игра дури на 12 ноември.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!